Спорт
Данска го декласира Бразил

Данска очекувано избори пласман во полуфиналето на 29.Светско првенство во ракомет. Актуелните шампиони, во третото четвртфинале декласираа Бразил со 33:21 (15:12).
Натпреварот во Осло од самиот почеток беше „еднонасочна улица“. Данска во 15.минута имаше предност од шест гола (9:3). По тајм аутот на бразилскиот селектор, неговите играчи заиграа подобро, до полувремето ја преполовија негативата.
Во вториот дел Данците ја вратија предноста од пет гола, а Бразил влезе во машината на Данска. Период од 11 минути во кој Бразилците не постигнаа гол, иницираше серија на Данска 8:0. Блескаше во тој период и голанот на Данците, Емил Нилсен кој мечот го заврши со 15 интервенции.
Напдот на Данска го предводеа Гидсел, Лауге и Јакобсен со по шест гола. Најефикасен Бразилец беше Карваљо со седум гола, голманите на Бразил збирно имаа 12 одбрани (Да Роса пет, Мартинс седум).
Данска во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Португалија и Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хамилтон: Имаме сè што ни потребно да ја освоиме титулата

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон уверен е дека неговиот нов тим Ферари е подготвен да ја освои шампионската титула.
„Возев за два тима светски шампиони (Мекларен и Мерцедес), знам како изгледа победнички тим. Тимот има се што е потребно за да ја освои шампионската титула. Треба само да се вклопат сите работи”, изјави Хамилтон за „Скај 2“.
Хамилтон, кој има вкупно седум титули во Формула 1, од Мерцедес се пресели во Ферари, каде ќе вози заедно со Шарл Леклер.
„Никој не вели дека сме совршени. Мораме да се подобриме, но тимот не остава ништо на случајноста. Овој тим има неверојатна историја, има победнички менталитет во својата ДНК“, додаде тој.
Хамилтон возеше за Мерцедес во изминатите 12 сезони и освои шест титули.
„Ферарито е различно. Штом ќе го облечете костумот, ќе влезете во гаражата, ќе ја ставите кацигата и ќе седнете на седиштето, чувствувате неверојатна страст. Сè е возбудливо. Како дете сонував да возам за Ферари и сè уште се не можам да поверувам дека ова навистина се случува”, изјави Хамилтон.
Спорт
Трае кошмарот на Гвардиола и Манчестер сити

Пеп Гвардиола минува низ најтешката сезона во својата импресивна тренерска кариера. Кошмарот продолжи со елиминацијата на Манчестер сити од Лигата на шампионите од Реал Мадрид.
Во реваншот од баражот за осминафиналето на елитното натпреварување „кралевите“ победија со 3:1, го добија двомечот со 6:3.
„Не треба да се биде многу памент за да се разбере дека на овој тим му треба реконструкција. Манчестер сити беше феноменален тим, игравме фантастичен фудбал, но тоа веќе не е така. Ништо не трае вечно и ова мораше да се случи во одреден момент. Реал беше подобриот тим и заслужено успеа да победи”, изјави Гвардиола по натпреварот во шпанската престолнина и додаде:
„Ќе седнеме и ќе размислиме што да правиме понатаму. Сега сме фокусирани на домашните обврски, иако е јасно дека шансите за освојување на Премиер лигата се минимални, па дури и непостоечки, а ќе видиме што ќе се случи во ФА Купот“.
Веднаш, педантните статистичари објавија неколку податоци кои му се случија на Гвардиола за прв пат во кариерата.
Пред се, првпат во 16 настапи во Лигата на шампионите неговиот тим не се пласира во осминафиналето.
На крајот, Карло Анчелоти стана негов кошмар, бидејќи стана првиот тренер кој четири пати го исфрлил Гвардиола од Лигата на шампионите.
Претходните три пати тоа се случи во полуфиналето во 2014 и 2022 година, а потоа и во четвртфиналето во 2024 година.
Спорт
И покрај рекордните приходи Арсенал во минус од 21,4 милиони

Арсенал забележа загуба од 21,4 милиони евра во текот на сезоната 2023/24, и покрај рекордните приходи, кои изнесуваат околу 745 милиони евра, објави клубот во финансискиот извештај.
Враќањето на лондонскиот клуб во Лигата на шампионите ги зголеми приходите, кои пораснаа од 564 на 745 милиони евра.
А сето тоа благодарение на учеството во елитното европско клупско натпреварување, приходите од ТВ правата исто така се зголемени за околу 86 милиони евра.
Сепак, платите на играчите и вработените се зголемили од 284 милиони на 396 милиони евра во истиот период, што ги објаснува настанатите загуби.