Спорт
Динамо го победи Милан, освои 11 поени и испадна од Лигата на шампионите
Динамо Загреб е најголемиот губитник по комплетирањето на последното коло во Лигата на шампионите. Динамо во Загреб го победи Милан со 2.1, но по ремито меѓу Спортинг и Болоња во Лисабон, основната фаза ја заврши на 25.место.
Динамо освои 11 поени во Лигата на шампионите колку што освоија и Манчестер сити, Спортинг и Клуб Бриж. „Модрите“ испаднаа бидејќи имаа најлоша гол разлика.
Што се однесува до натпреварот против Милан, Динамо имаше предност со голот на Батурина, Милан потоа остана со фудбалер помалку на теренот, во 39.минута Муса го доби вториот жолт картон. Италијанскиот тим изедначи со голот на Пулишиќ, а победата на Динамо му ај донесе Пјаца.
Поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми во игра влегоа во 70.минута.
Лига на шампиони, последно коло>
Астон Вила – Селтик 4:2 (2:2)
/Роџерс 3,5, 90+1, Воткинс 60 – Ајдахо 36,38/
Барселона – Аталанта 2:2 (0:0)
/Jамал 47. Арауhо 72 – Едерсон 67, Пашалиќ 79/
Баер Леверкузен – Спарта 2:0 (1:0)
/Вирц 32, 64 Тела/
Борусија (Д) – Шахтјор 3:1 (2:0)
/Гираси 17,44, Бенсебаини 79 – Гомеш 50/
Баерн – Слован (Б) 3:1 (1:0)
/Милер 8, Кејн 63, Коман 84 – Толиќ 90/
Динамо (ЗГ) – Милан 2:1 (1:0)
/Батурина 19, Пјаца 60 – Пулишиќ 53/
Xирона – Арсенал 1:2 (1:2)
/Данџума 28 – Жоржињо 38 п., Нванери 42/
Интер – Монако 3:0 (2:0)
/Мартинез 4 п., 16, 67/
Јувентус – Бенфика 0:2 (0:1)
/Павлидис 16, Кокџу 80/
Лил – Феенорд 6:1 (2:1)
/Сарауи 4, Траунер 38 а.г. Санчез 57, Дејвид 74, Кабела 80 – Хименез 14/
Манчестер Сити – Клуб Бриж 3:1 (0:1)
/Ковачиќ 53, Ордоњез 62 а.г., Савињо 77 – Оњедика 45 /
ПСВ – Ливерпул 3:2 (3:2)
/Бакајоко 35, Сајбари 45, Пепи 45+6 – Гакпо 28, Елиот 40/
Салцбург – Атлетико (М) 1:4 (0:1)
/Дагим 90+1 – Симеоне 5, Гризман 13, 45+1, Љоренте 63/
Штурм – Лајпциг 1:0 (1:0)
/Mалик 42/
Спортинг – Болоња 1:1 (0:1)
/Хардер 77 – Побега 21/
Брест – Реал (М) 0:3 (0:1)
/Родриго 27, 78, Белингем 56/
Штутгарт – ПСЖ 1:4 (0:3)
/Пачо 77 а.г. – Баркола 7, Дембеле 17,35,54/
Јанг Бојс – Црвена Звезда Белград 0:1 (0:0)
/Канга 69/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

