Свет
Земјотрес со јачина од 5,6 степени и серија помали последователни потреси го погодија Тајван

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди утринава кинескиот регион Тајван, по што следеа серија помали последователни потреси на островот, кои предизвикаа помали штети, соопштија локалните власти, пренесува АП.
Главниот земјотрес се случил во 10:11 часот по локално време во градот Дапу, додека епицентарот бил на околу 250 километри јужно од Тајпеј, каде земјотресот бил благо почувствуван.
Главниот земјотрес беше проследен со десетина помали последователни потреси во Дапу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Земјотрес од 8,8 степени за време на операција, докторите останаа смирени

Силниот земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи тревоги и евакуации низ Тихиот Океан.
Снимки од моментот на земјотресот во Камчатка се шират на социјалните мрежи.
Се појави и видео, за кое се тврди дека е снимено во болницата. На него се гледа како лекарите остануваат смирени за време на силниот земјотрес и не ја прекинуваат операцијата.
Doctors in Kamchatka kept calm during the powerful quake — and never stopped the surgery.
The patient is doing well, according to the Health Ministry#China #Tsunami #Earthquake #Russia #Hawaii #Japan #Sismo #Temblor #Tsunamiwarning #揺れ #地震 pic.twitter.com/fWiVKfxNbt
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) July 30, 2025
Свет
И Кина издаде предупредување за цунами по земјотресот од 8,8 степени во Русија

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени го погоди полуостровот Камчатка на далечниот исток на Русија, предизвикувајќи цунами високо до четири метри, оштетувајќи згради и активирајќи предупредувања и евакуации низ Тихиот Океан.
Неколку лица беа повредени во тој оддалечен руски регион, а на населението на поголемиот дел од источниот брег на Јапонија, кое силно страдаше во катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, му беше наредено да се евакуира. „Денешниот земјотрес беше сериозен и најсилен во последните десет години“, објави гувернерот на Камчатка на Телеграм.
Регионалниот министер за вонредни ситуации Сергеј Лебедев објави дека по земјотресот е регистрирано цунами од 3 до 4 метри. „Сите мора да се оддалечат од брегот“, рече Лебедев во видео на социјалните медиуми.
Американскиот сеизмолошки институт објави дека земјотресот бил на длабочина од 19,3 км, околу 125 км од Петропавловск, град со 165.000 жители на брегот на заливот Авача.
Кинескиот центар за предупредување од цунами објави дека се очекува бранови со висина помеѓу 30 сантиметри и еден метар да го погодат источниот брег на земјата.
Во официјалното соопштение на центарот се вели: „Врз основа на најновите предупредувања и резултатите од анализата, Центарот за советување за цунами при Министерството за национални ресурси утврди дека земјотресот предизвикал цунами, за кое се очекува да предизвика штета во одредени крајбрежни области на Кина“.
Предупредувања за цунами без издадени и за Јапонија и Хаваите.
Свет
(Видео) Брановите удрија во брегот – први снимки од цунами по разорниот земјотрес во Русија

Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Северно-курилскиот регион, откако Камчатка беше погодена од разорен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта.
„Првиот бран на цунами ја погоди крајбрежната зона на Севернокурилскиот регион. Жителите на населбата се на безбедно високо место и ќе останат таму сè додека заканата од повторени бранови целосно не се отстрани“, се вели во соопштението на гувернерот на Сахалинскиот регион Валериј Лимаренко.
NOW – Tsunami waves hit Russian coast along Severo-Kurilsk. pic.twitter.com/1cxuFHohVL
— Disclose.tv (@disclosetv) July 30, 2025
Според податоците на Министерството за вонредни ситуации на Русија, самиот град и компанијата за преработка на риба „Алаид“ беа потопени како резултат на катастрофата.
Видео што кружи на социјалните мрежи покажува како морето „се втурнува“ во длабочините на копното со брзина на молња, додека големи бранови се развиваат на отвореното море.
Издадено е предупредување за цунами за западниот брег на САД, Јапонија.
Ова е најсилниот земјотрес регистриран во последните 14 години, поточно од катастрофалниот земјотрес во Јапонија во 2011 година, со јачина од 9,1 степени според Рихтеровата скала, кој однесе повеќе од 19.000 животи.