Македонија
Над една милијарда евра од наплатени приходи во втората половина од 2024 година во Царинската управа, доделени признанија за заслуги

Со доделување на признанија од Светската царинска организација до царински службеници за особени заслуги во зголемувањето на ефективноста на управата во наплатата на приходи, олеснување на легалната трговија и сузбивање на криминалот денеска во Царинската управа беше одбележан Меѓународниот ден на Царината.
„Со гордост да кажам дека во изминатиот период постигнавме многу при што преземавме конкретни дејствија за олеснување на трговијата, подигнување на безбедноста и поттикнување одржлив економски раст. Во втората половина од 2024 година наплативме приходи од 65,2 милијарди денари или 4 милијарди денари повеќе од 2023 година, откриени се прекршочни и кривични дела при што евидентирани се 305 случаи на заплени што е за над 100 проценти раст во однос на истиот период 2023 година“, истакна директорот Бобан Николовски на настанот.
Царинската управа, како членка на Светската царинска организација Меѓународниот ден на Царината го одбележа под темата „Царините испорачуваат ефикасност, безбедност и просперитет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Валандово-с.Јосифово

Поради сообраќајна незгода регионалниот пат Р 1105 на патниот правец Валандово-с.Јосифово поточно кај Калковска река е прекинат во двата правци од 11:30 часот, соопшти АМСМ.
„На 01.09.2025 год во 17:40 часот маг. пат А1 е затворен за сообраќај, поради пожарот кај клучка Марвинци.
Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности , односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години затворска казна поради нападот врз неа.
„Основниот кривичен суд Скопје известува дека судот на 2.9.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С. Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две години), а поради тоа што на 11.7.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на град Скопје.
Во согласност со член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С. Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.
Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 (осум) дена по приемот на пресудата преку овој суд до Апелациониот суд Скопје“, се истакнува во соопштението.
Во однос на мерката притвор, судот одлучи дека таа да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до почнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 (шеесет) дена.
Македонија
„Влен“: Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта

Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта, велат од ВЛЕН.
„Деновиве сведоци сме на едно скандалозно признание од страна на Бујар Османи, човек кој повеќе од две децении ја злоупотребува довербата на Албанците. Тој јавно одби да негира, односно потврди дека се среќавал со Никола Груевски, бегалец и лице на американската црна листа. ДУИ не е реформирана партија, туку групација која манипулира со националните чувства и европските стремежи на Албанскиот народ за свои лични и тесно-партиски интереси“, велат од коалицијата.
Од ВЛЕН упатија прашања до Бујар Османи од кога тоа средбите на еден министер за надворешни работи со лица од американската црна листа се класифицирани, дали тие средби се пријавени во Јавното обвинителство и МВР и кој е интересот зад оваа тајна комуникација?
„Албанците очекуваат одговори, не молк. Потсетуваме: Помошта за бегството на Никола Груевски беше дело на ДУИ. Законот за амнестија за Мијалков и неговата екипа беше дело на ДУИ. Сè ова го разбираме како очај на една корумпирана елита која знае дека нејзиното време истекува. ДУИ ја претвори политиката во пазар и во бизнис, а Албанците во заложници на нивните договори со бегалци и криминалци. ВЛЕН е тука да ја врати чистaта политика, да обезбеди транспарентност и да стави крај на ова лицемерие“, велат од коалицијата.