Контакт

Македонија

Јаневски: Не поддржуваме одлука што предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Објавено пред

На денешната седница на Советот на Град Скопје обраќање имаше советникот Филип Јаневски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој напомена неколку работи во однос на предложената одлука да се промени интервалот на линиите што сообраќаат во руралните средини и приградските населени места и напомена дека со тоа граѓаните ќе се соочат со многу поретки линии на располагање.

dobivaj vesti na viber

„Се работи за одлука со која некои од линиите што се менуваат, односно распоредот на линиите за кои се менуваат, се намалува интервалот, меѓутоа, генерално, за најголем број од линиите се намалува, односно автобусите ќе бидат поретки. Ова е случајот со линиите кои се приградски, кои сообраќаат во руралните средини околу градот Скопје и во приградските населени места околу градот Скопје, кои и онака веќе се ретки“, вели Јаневски.

Советникот потенцира дека оваа одлука нема да биде прифатена, исто така истакна дека проблемите што настануваат во ЈСП се поради лошото менаџирање, со тоа што има автобуси оставени без да се вметнат во употреба и кои не се сервисирани.

„Така што јас би сакал да кажам дека ние како советничка група оваа одлука нема да ја подржиме токму поради овие причини, имено би сакал да напоменам дека приближно пред две години возниот ред ваков како што е беше целосно почитуван од ЈСП сѐ додека не почнаа проблемите во ЈСП и со овој обем на автобуси што го има ЈСП, така што не се работи овде за недостиг на автобуси, туку за лошо менаџирање со ЈСП и со флотата на автобуси што ја има бидејќи имаме огромен број автобуси што не се сервисирани, што се надвор од употреба“, рече Јаневски.

Јаневски истакна дека е недозволиво ЈСП по само еден месец од кога се изгласани 800 милиони денари, да бара вторпат намалување на автобуските линии, што би придонело граѓаните да се соочат со тешкотии со јавниот превоз.

„Во овој момент да се гласа да се намалуваат бројот на автобусите и редовноста на автобуските линии, особено во руралните и приградските населби, за нас, за мене лично, е недозволиво, особено што граѓаните двојно плаќаат за услугата што ја добиваат. Пред еден месец изгласавме 800 милиони денари за ЈСП и за еден месец подоцна да дојдат вторпат да бараат намалување на одредени автобуски линии е недозволиво, така што ние оваа одлука нема да ја поддржиме, се надевам дека во иднина ќе нѐ консултирате нас советниците“, вели Јаневски.

Македонија

Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Објавено пред

Од

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата.

dobivaj vesti na viber

„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Објавено пред

Од

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.

dobivaj vesti na viber

„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Објавено пред

Од

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ5 часа

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ5 часа

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија6 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет7 часа

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија9 часа

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија9 часа

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...

Свет11 часа

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет12 часа

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа12 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа12 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок бидејќи 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија12 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет1 ден

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет1 ден

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија1 ден

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ1 ден

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија1 ден

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет1 ден

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...