Спорт
Асенсио се сели во Премиер лигата

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Марко Асенсио би можел да ја продолжи кариерата во Англија.
Бројни извори денеска јавуваат дека Асенсио е заинтересиран да се пресели во Астон Вила. Менаџеорт Унаи Емери му се јавил за да го убеди да се пресели на Вила Парк.
Преговорите се уште се во тек, но се очекува Астон Вила да го засили притисокот откако ќе се официјализира преселбата на Џон Дуран во Ал Наср.
Се очекува Астон Вила да инкасира околу 80 милиони евра за Колумбиецот и дел од парите да инвестира во Асенсио.
Се споменуваше и Жоао Феликс, кој е не е среќен во Челзи, а сега покрај него во плановите е и Марко Асенсио.
За потсетување, Марко Асенсио во ПСЖ пристигна како слободен играч во 2023 година, откако му истече договорот со Реал Мадрид. Но, не може да се каже дека ги исполни очекувањата, особено под водство на Луис Енрике. За ПСЖ има само 47 настапи, со седум гола и 11 асистенции. Сезонава одигра 16 натпревари, постигна два гола и забележа четири асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.
Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.
Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.
Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.
По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.
Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.
Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.
Спорт
Ѓоковиќ си го распродава угледот, испадна од Арналди во Мадрид

Новак Ѓоковиќ го распродава угледот. Испадна во првиот меч на Мастерсот во Мадрид од Италијанецот Матео Арналди (44. на АТП листата).
Петтиот тенисер во светот, по разочарувачкото издание во Монте Карло, беше брзо запрен и на мадридската земјена подлога.
Матео Арналди, го победи Ѓоковиќ во два сета во второто коло од турнирот во главниот град на Шпанија со резултат 6:3, 6:4 за еден час и 42 минути. Неговиот следен противник ќе биде Дамир Џумхур.
Неизнудените грешки и лошата реализиција на брејк топките придонесоа за поразот на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер искористи само една од петте брејк топки, за разлика од него Арналди беше максимален, ги искористи трите брејк шанси. Ѓоковиќ имаше 18 винери и дури 32 неизнудени грешки, премногу за меч во два сета.
Да потсетиме, Новак загуби од Алехандро Табило во првиот мач во Монте Карло а ако се смета и поразот во финалето во Мајами од Јакуб Меншик, ова е негов трет последователен неуспех.
Спорт
Селтик 55. пат се шампиони на Шкотска

На четири кола пред крајот на сезоната, фудбалерите на Селтик ја обезбедија 55-тата титула во историјата на шкотската Премиер лига, како и четвртата титула по ред.
Селтик го победи Данди Јунајтед убедливо со 5:0 на гостински терен, со што на најголемиот ривал Ренџерс му избега на недостижни 18 бода. Селтик има 84, а Ренџерс 66 бода со натпревар помалку.
Прашањето за победникот во Данди беше решено по првото полувреме бидејќи Селтик отиде на пауза со водство од 3:0. Прво, Џек Стрејн ја погоди сопствената мрежа во 30-тата минута, а потоа Дајзен Маеда асистираше двапати, за головите на Даниел Кун.
Во второто полувреме, Адам Идах постигна уште два гола, во 47-та и 58-та минута, со што го комплетираше големото славје на Селтик.
Селтик и Ренџерс сега имаат идентични 55 титули од шкотското првенство, но Селтик доминира изминатите сезони, ова за нив е беше 13-та титула во последните четиринаесет години.