Свет
Норвешката полиција заплени брод со руски екипаж поради оштетување на оптичкиот кабел
Норвешката полиција денеска соопшти дека запленила норвешки брод со руски екипаж поради сомнение за вмешаност во оштетување оптички кабел во Балтичкото Море. Според полицијата, заплената била извршена на барање на летонските власти, пренесува „Ројтерс“.
„Бродот се сомничи дека е вмешан во сериозно оштетување на оптичкиот кабел во Балтичкото Море меѓу Летонија и Шведска“, се вели во полициското соопштение.
Бродот, кој е во сопственост на Норвешка и пловел под знамето на оваа земја, одел од Санкт Петербург во Балтичкото Море до Мурманск на рускиот Арктик, соопшти полицијата.
Претходно, летонскиот портал LSM, повикувајќи се на сопственикот на кабелот, Летонскиот државен радио и телевизиски центар, објави дека во неделата е оштетен подморскиот оптички кабел меѓу Летонија и Шведска, најверојатно поради надворешни влијанија, пренесува „РИА новости“.
Летонската морнарица испратила патролен чамец до местото на кое се посомневало дека кабелот е оштетен и го контактирала НАТО, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години
Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.
На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“
Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.
Регион
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија.
Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци.
Диела, која беше именувана во мај 2025 година, е првата виртуелна министерка во светот создадена со помош на вештачка интелигенција. Нејзината задача е да ја следи законитоста и транспарентноста на државните тендери и да спречи корупција, со користење алгоритми што одлучуваат без човечко влијание.
Рама ја опиша иницијативата како чекор кон „целосно транспарентна и безкорупциска“ администрација, а метафората за „трудна министерка“ симболично го претставува ширењето на вештачката интелигенција во повеќе сектори на управувањето во Тирана.
Свет
Орбан оди кај Трамп поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и да разговара за санкциите против руската нафтена индустрија, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Сијарто рече дека Унгарија оваа недела ќе ја анализира „правната и физичката последица“ од санкциите што САД ги воведоа против руските компании минатата недела, додавајќи дека Орбан ќе може лично да разговара со Трамп ако биде потребно.
Средбата треба да се одржи во втората половина на следната недела, но точниот датум не е познат.
Трамп претходно изјави дека Европа мора целосно да се откаже од руската нафта и гас и воведе санкции против „Росњефт“ и „Лукоил“, додека Орбан најави дека Унгарија ќе бара начини да ги заобиколи американските ограничувања.

