Спорт
Хуманоста секогаш на прво место – Петар Ристески типуваше, а Mozzart донира во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски” од Битола
Традицијата на хуманоста во која јавните личности типуваат, а Mozzart донира продолжува и оваа година.
Оваа тимска игра на хуманост од ден на ден го зголемува фондот на солидарност, а средствата од првиот добитен хуманитарен тикет за оваа година, по желба на фудбалерот Петар Ристески, ќе бидат донирани во Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
Директорката Ненси Лозанче, не го криеше задоволството за оваа донација, со која ќе се набават потребни апарати во детското одделение.
„Голема благодарност до Mozzart и до Петар Ристески за оваа донација. Ова е од големо значење за нас, бидејќи ќе имаме можност да набавиме дел од потребната опрема која ќе биде поставена во детското одделение”, изјави Др. Ненси Лозанче, Директор на Клиничката болница „Др Трифун Пановски” од Битола.
![]()
Типувачот кој го состави првиот добитен тикет за оваа година, Петар Ристески, ја поздравува оваа хуманитарна акција на Mozzart, која црта среќа и насмевки на многу лица.
„Среќен сум што имав можност да бидам дел од оваа хуманитарна акција, а особено задоволство ми преставува што токму јас го имам првиот добитен тикет за оваа година. Без размислување одлучив дека средствата треба да бидат донирани во детското одделение во Клиничката болница во Битола и се надевам дека донацијата ќе им биде од големо значење”, изјави Петар Ристески, фудбалер на ФК Јени Маале од Битола.
Кога станува збор за хуманоста,помошта,поддршката и добрите дела, Mozzart дефинитивно е, и останува лидер во регионот.
„Ова е традиционална акција која ја организираме веќе неколку години. Од добитните тикети, до сега помош пристигна во многу институции и организации. Она што преставува вистинско задоволство е што годината ја отворивме со добивка, а ако по утрото се познава денот, ќе имаме убави и успешни нови 365 дена исполнети со голем број реализирани проекти преку кои помагаме секаде каде е тоа потребно”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вест Хем ќе го отпушти Еспирито Санто?
Нуно Еспирито Санто пристигна во Вест Хем со задача да го подигне клубот по лошиот почеток на сезоната, но не работата не му оди според планираното.
„Чеканите“ се во зоната за испаѓање, а од доаѓањето на Португалецот, тие имаат забележано само два триумфа во 13 натпревари.
Затоа Вест Хем размислува да се раздели со Санто, според „Ток Спорт“. Засега не е наведено кој би можел да го замени.
Поранешниот менаџер на Нотингем Форест го наследи Греам Потер, но шок терапијата не успеа.
Вест Хем се наоѓа на 18-то место во Премиер игата со скромни 13 поени.
Foto/ depositphotos
Спорт
Горецка пред трансфер во Премиер лигата
Репрезентативецот на Германија, играч на Баерн, Леон Горецка (30), би можел да му се приклучи на Тотенхем во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми.
Оваа сезона, Горецка не беше во почетниот состав на ниту еден од шесте натпревари од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата тренерот Винсент Компани често го заменува по еден час игра.
Тренерот на Спарс, Томас Франк, верува дека германскиот играч за врска би бил одлично решение за проблемите во средниот ред, а медиумите тврдат дека Горецка е отворен и за нови предизвици.
Поволна околност кога станува збор за потенцијален трансфер во англиски клуб е фактот што договорот на Горецки со Баерн истекува на крајот од оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Фелипе Луис го продолжи договорот со Фламенго
Фелипе Луис ќе остане тренер на Фламенго до 2027 година, објави во понеделникот бразилскиот клуб.
Човекот кој освои пет трофеи во првата година од својата професионална тренерска кариера, потпиша нов договор и со тоа стави крај на сите шпекулации за неговиот понатамошен ангажман.
Фиелипе Луис, некогаш ѕвезда на Атлетико Мадрид и бразилската репрезентација, веднаш по завршувањето на кариерата, започна да работи како тренер. Прво во тимовите до 17 и до 20 години на Фламенго, а првиот тим го презеде во септември 2024 година.
Со клубот од Рио де Жанеиро, во тековната година го освои националното првенство на Бразил, Купот, Суперкупот, првенството Кариока и Копа Либертадорес.
„Тој не оди никаде“, пишува во официјалното соопштение на Фламенго во врска со потпишувањето на новиот договор.

