Спорт
(Видео) Нејмар се врати во Сантос

Нејмар, по 12 години се врати во својот матичен клуб Сантос, каде што ја започна кариерата. Летото 2013 година направи трансфер во Барселона.
По Барселона играше во ПСЖ и Ал Хилал.
Сантос го пречека својот херој на спектакуларен начин. Навивачите ги исполнија трибините на стадионот „Вила Белмиро“.
Над 15.000 фанови го пречекаа својот „син“, кој не можеше да ги сокрие емоциите и солзите радосници.
Патем, верувале или не, Нејмар во првиот мандат во Сантос до својата 21 година одигра 225 натпревари, постигна 136 гола и забележа 64 асистенции, што значи дека учествувал во точно 200 гола за првиот тим.
NEYMAR IS BACK HOME!!!!!!! 🇧🇷🇧🇷🇧🇷 pic.twitter.com/k1FLVVcunv
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) January 31, 2025
🚨🚨🚨NEYMAR’S FULL PRESENTATION FOR HIS RETURN TO SANTOS 🎥 pic.twitter.com/HCgeUaXqGl
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) January 31, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Обамејанг шоу против Гамбија – Постигна четири гола и доби црвен картон

Со убедлива победа на гости против Сејшелите, фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска се доближија до пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули следната година.
Брегот на Слоновата Коска се први на табелата во групата Ф, попладнево победија со 7:0 против Сејшелите со головите на Сангаре (7-11м), Агбаду (17), Диаките (32), Гесанд (39), Диоманде (55), Адингра (67) и Кеси (90).
„Слоновите“ сега имаат 23 бода, еден повеќе од Габон, кој ја победи Гамбија со 4:3 како гостин во натпревар полн со пресврти. Габон водеше со 1:0 и 2:1, Гамбија направи пресврт на 3:2, но на крајот Габон сепак победи со 4:3.
Сите четири гола за Габон ги постигна ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг (20, 42, 62, 78), но беше исклучен во 85-та минута поради втор жолт картон, додека стрелци за Гамбија беа Минтех (23) и Сидибех (45+2, 47).
За четири дена, Брегот на Слоновата Коска ќе има можност да го обезбеди Светското првенство со победа дома против Кенија, додека Габон, со победа против Бурунди, ќе мора да чека кикс на „Слоновите“, за да го обезбеди своето историско прво патување на Светското првенство.
Спорт
Младата репрезентација со пресврт до победа над Ерменија

Младата македонска фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Попладнево во Скопје, Македонија ја победи соодветната селекција на Ерменија со 2:1. Херој на победата беше стрелецот на двата гола, Димитар Трајков.
Македонските надежи со пресврт во второто полувреме дојдоа до првите бодови во Е групата. Ерменците имаа предност од 38-та минута кога погоди Ховханисијан.
Пресвртот го режираше напаѓачот на Работнички, Трајков, со головите во 54-та и 83-та минута.
Фото/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
(Видео) Бразил ја декласира Јужна Кореја

Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Јужна Кореја со 5:0 во пријателски натпревар одигран во Сеул.
Екипата на Карло Анчелоти ја демонстрираше својата сила против една од најдобрите азиски селекции.
Двојни стрелци за „селесао“ беа Естевао (13, 47) и Родриго (41, 49), додека еден гол постигна Винисиус Жуниор (77).
Со играта, Бразил потсети на најдобрите денови на оваа репрезентација, Родриго, Естевао, Куња, Винисиус правеа што сакаат на теренот.
Foto/ EPA