Спорт
(Видео) Џон Дуран не можеше да одбие пет пати поголема плата
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран, поранешен играч на Астон Вила, е новото засилување на Ал Наср, објави саудискиот клуб чии дрес го носат големите ѕвезди Кристијано Роналдо и Садио Мане.
Новиот напаѓач на тимот од Ријад на грбот ќе ја носи „деветката“.
Дуран во Астон Вила пристигна од Чикаго Фајр за 18 милиони фунти (околу 21,5 милиони евра) во јануари 2023 година.
Оваа сезона, 21-годишниот фудбалер постигна 12 гола на 29 натпревари за Вила. На вкупно 78 натпревари постигна 20 гола, од кои само седум ги започна како стартер.
Клубот од Ријад, престолнината на Саудиска Арабија не штедеше за обештетувањето, на Астон Вила и плати 65 милиони фунти или околу 77.731.200 евра. Дуран во новито клуб ќе добива пет пати поголема плата.
Годишно во Вила заработваше 3,9 милиони евра, а во Ал Насар неговата плата ќе изнесува 20 милиони евра.
A number that carries history and glory at AlNassr 🌟
The iconic No. 9 is back! 🔥#DuránIsYellow pic.twitter.com/PTyvfllhTS— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) January 31, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ако се борите за опстанок во Примера, не ви треба Дарвин Мачис

Дарвин Мачис (32) е познато име на Пиринејскиот полустров, зад себе има респектабилна клупска и репрезентативна кариера.
Крилниот напаѓач на Ваљадолид има 52 настапи за репрезентација на Венецуела, додека по пристигнувањето во Европа играше за бројни клубови во Италија, Португалија и Шпанија.
Сепак, Мачис ќе биде запаметен е бројот на клубови со кои испадна од елитните рангови на шпанскиот фудбал во последователни сезони. Откако вчера Бетис го победи Ваљадолид со 5.1, клубот во сопствеост на Бразилецот Роналдо и математички испадна од Примера.
Тоа ќе биде трет клуб со кој Мачис испадна од Примера, а вкупно четврти пат по ред, земајќи предвид дека двапати испадна од лигата со Ваљадолид, а по еднаш со Гранада и Кадиз.
Спорт
Барселона без Левендовски и Балде во финалето против Реал

Фудбалерите на Барселона, Роберт Левандовски и Алехандро Балде, ќе го пропуштат финалето на Купот на Кралот против Реал Мадрид поради повреди, објави каталонскиот клуб.
Барселона, потврди и дека Марк Бернал и Марк Касадо, кои сè уште не се опоравиле од повредите, исто така нема да бидат во тимот.
Голманот Марк-Андре тер Штеген, кој беше надвор од терените повеќе од седум месеци поради повреда, се враќа во тимот.
Финалето на Купот на Кралот ќе се одигра на „Ла Картуха“ стадионот во Севила, в сабота со почеток во 22 часот.
Спорт
(Видео) Телевизијата на Реал пред финалето со Барселона удри по судијата Бенгоечеа
Реал Мадрид започна „специјална војна“ во пресрет на утрешното финале во Купот на Кралот. Реал за трофејот на „Ла Картуха“ стадионот во Севилја ќе го има најголемиот ривал, Барселона.
На клупската телевизија на Реал се појави видео клип во траење од околу три и пол минути, во кој беше нападнат угледот на главниот судија делегиран за утрешното финале, Рикардо Де Бургос Бенгоечеа.
Во видеото се анаизираат ситуацијии од минатото кога гореспоменатиот судија ја делел правдата на натпреварите на „Бланкосите“. Во коментарот се потенцира дека Бенгоечеа секогаш судел против Реал.
„Тој е човек на кого ФИФА и УЕФА никогаш сериозно не сметале. Но, во Шпанија, да. Надвор од нашата земја, тој е неважен судија, но и покрај ова, тој ќени суди трет пат во финалните натпревари против Барселона, по Суперкуповите во 2017 и 2023 година“, објаснува видеото.
Клипот продолжува со споредување на процентите на победи на Реал Мадрид и Барселона кога суди Бенгоечеа. Реал има забележано 64 проценти, а Барселона 81 процент од победите во натпреварите што ги судел баскиски судија, а во видеото се споменува и дека Бенгоечеа е „човекот што ја работи работата“ на Луис Медина Канталехо и Карлос Клос Гомес, моменталните шефови на судиите во Шпанија.
Во видеото се дискутира и за ситуацијата од последното „Мадрилењо“ во првенството и пеналот досуден за Атлетико.
„Неверојатно е што процени во таа акција. Само двапати ги погледна снимките од ВАР, и тоа од агли од кои не може јасно да се види што се случило. Така изгубивме два бода.“
Од Реал потсетуваат дека Бенгоечеа не го санкциониран играчот на Еспањол кога му удрил шамар на Фран Гарсија, како и дека на средбата од минатата сезона помеѓу Хетафе и Реал „не досуди два чисти пенали по прекршоците врз Винисиус и Браим Дијас, ниту пак ги исклучи играчите на Хетафе од игра по острите стартови“.
Клипот заврши со контроверзни ситуации од натпреварот Севилја – Реал, кога Рикардо Де Бургос на реал му поништи два гола во рок од девет минути, првиот на Џуд Белингам поради офсајд, а „потоа го запре контранападот кога му рече на Лукас Окампос да стане. Исто така не досуди пенал по стартот на Хесус Навас над Винисиус кон крајот на првото полувреме“, се жалат од Реал.
El NUEVO VIDEO de RMTV sobre De Burgos Bengoetxea es BRUTAL, uno de los PRINCIPALES árbitros Negreira.
🚨 MÁXIMA DIFUSIÓN A ESTE VIDEO 🚨 pic.twitter.com/NMi9pK5Lde
— REAL MADRID FANS 🤍 (@AdriRM33) April 24, 2025