Забава
Сок што го чисти телото од маснотии: пијте го наутро на празен стомак
Честопати треба да го детоксицираме нашето тело, па одвреме-навреме треба да внимаваме каков тип на храна внесуваме во нашите тела. Кога станува збор за црниот дроб, тој е орган што сам се обновува, но потребно е да се обрне посебно внимание на тоа која храна е погодна за него бидејќи е еден од најважните органи во нашето тело. За да се ослободите од мастите од црниот дроб, почнете да пиете сок од морков.
Која е функцијата на црниот дроб?
Црниот дроб помага во разни витални функции, како варење, метаболизам, детоксикација и слично, а приближно 25 % од светската популација е зафатена од заболувања на црниот дроб, кои може да бидат од разни типови, како што се хепатитис, цироза, замастен црн дроб, пишува Sarvodaya hospital.
Заболувањата на црниот дроб, доколку не се откријат и лекуваат навреме, може да доведат до оштетување на функцијата на црниот дроб и да станат фатални.
Осигурете негово непречено функционирање со напивка од морков, која треба да ја пиете наутро на празен стомак.
Морковите се богати со бета-каротин, кој во телото се претвора во витамин А. Витаминот А е од суштинско значење за здравјето на црниот дроб бидејќи помага да се заштити црниот дроб од оштетување. Сокот од морков помага и за подобрување на варењето и за детоксикацијата.
Што ви треба?
6 мали моркови
1 мало парче ѓумбир
1 голем лимон
200 мл вода
Подготовка на сок од морков:
Излупете ги морковите, исплакнете ги под млаз вода, излупете ги и ѓумбирот го лимонот. Сите состојки (лимонот без кората) ставете ги во блендер и убаво блендирајте. Кога сѐ добро ќе се спои, имате напивка што треба да ја пиете на празен стомак, а тоа црниот дроб ќе ви биде благодарен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Малкумина можеа да одолеат на шармот на Меланија – особено во модната комбинација
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп неодамна присуствуваа на 48-то доделување на наградите „Kennedy Center Honors“ во Вашингтон.
Признанието се доделува на музичари, актери, режисери и танчери кои направиле значајна разлика во културата и уметноста преку својата работа.
Вниманието на јавноста на црвениот тепих, особено на модните критичари, го привлече првата дама на Соединетите Американски Држави, која блескаше во монохроматска облека.
Меланија носеше црн макси фустан од Живанши, која има прав крој и е совршен пример за минималистички стил на облекување.
Овој стил е соодветен за церемонијата на која присуствуваа претседателот и неговата сопруга, а модните критичари се согласуваат.
Меланија го надополни својот изглед со дискретна шминка во нежни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен можен начин, имено, се одлучи за нежни бранови кои паѓаа по рамената.
фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Том Круз е минато: Познатата убавица и возачот на Формула 1 го запалија интернетот со нивниот флерт
Актерката Ана Де Армас неодамна раскина со Том Круз, но се чини дека повеќе не е тажна поради тоа. Само што ја потврдија својата врска, холивудскиот актер ја напушти убавата Ана, поради тоа што наводно „искрата исчезнала“.
Сепак, тоа не значеше дека Ана долго ќе страда за својот бивш, па сега се појави на трката во Формула 1 и покажа дека изгледа подобро од кога било.
Црни фармерки со висок струк и едноставна бела маица во комбинација со бомбер јакна беа вистинскиот избор за Формула 1, но и за Ана да ги покаже своите извајани стомачни мускули.
Актерката не ја симна насмевката од лицето, па многумина коментираа дека веќе заборавила на врската со Круз, кој сè уште нема среќа во љубовта.
Интересно е што и покрај раскинувањето, Ана и Том ќе продолжат да работат заедно, а таа дури доби и улога во неговиот филм.
„Том и Ана се забавуваа добро заедно, но нивното време како двојка заврши. Тие ќе останат добри пријатели, но повеќе не се забавуваат. Сфатија дека е подобро да останат пријатели“, објавија странските медиуми во тоа време.
„Флертување“ со Хамилтон
Не го одвлече вниманието од самата трка само нејзиниот изглед. Тука беше и средбата со Луис Хамилтон, а лојалните фанови тврдат дека познатиот возач на Формула 1 флертувал со Ана. Бидејќи Ана добила специјална тура низ гаражата на Ферари, а Хамилтон бил нејзин водич, нивните видеа набрзо станале вирални.
Welcome to the garage, Ana! pic.twitter.com/3OrUe1fXdk
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) December 7, 2025
Оние кои го следеле Хамилтон од претходно тврдат дека тој никогаш не бил толку фокусиран, и дека биле доста насмеани заедно, а Хамилтон дури и ја прегрнал во еден момент.
фото: Depositphotos
Забава
(Видео) „Тоа е фобија“: Мајли Сајрус открива бизарна причина зошто се свршила
Мајли Сајрус и Макс Морандо се верија по 4 години врска, а пејачката ја потврди добрата вест за списанието People. Кратко потоа, таа се појави во ток-шоуто на Џими Кимел, каде што зборуваше за деталите од нејзината свршувачка, како и за бизарната причина зошто рекла „да“.
Таа истакна дека има страв од хартија, но дека нејзиниот иден сопруг ѝ помогнал да ја надмине фобијата (привремено – додека не го потпише венчалниот лист).
„Мразам хартија“, рече таа, додавајќи дека особено мрази кога луѓето имаат суви раце во текот на зимата и допираат хартија.
„Тоа е фобија, мислам дека навистина ми треба помош. Можеби ќе пробам EMDR или хипноза, бидејќи веќе влијае на мојот секојдневен живот.“
Сепак, вистинскиот пекол се случува кога мора да добие пакет од Amazon – картонската амбалажа, вели таа, „ја доведува до работ на нејзините нерви“.
„Кога некој ќе добие пакет од Амазон, ми се гади бидејќи картонот е најлош од сè – е дополнително сув. Всушност, затоа се свршив: само го терам мојот свршеник да ги отвора сите пакети надвор“, се пошегува Сајрус.
И дали ќе има проблеми кога ќе го потпише венчаниот лист?
„Сè што има мазна површина ќе биде доволно. А од последниот, мислам дека се сеќавам дека хартијата беше восочна“, рече таа, осврнувајќи се на нејзиниот брак со Лиам Хемсворт, кој заврши неславно.
фото: Depositphotos

