Македонија
Без струја делови од Скопје
Од ЕВН Македонија АД известувaат дека денеска ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.Корџевска во Драчево (опш.Кисела Вода);
– Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Шумадинска (опш.Центар);
– Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Љубин – од УКА КОМЕРЦ до гробиштата, џамијата во близина и куќите спроти неа (опш.Сарај).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Исчистен сметот во населбите Крњево и Капиштец, службите работат во две смени
Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, информира дека општинските служби денеска со механизација го исчистија сметот во населбата Крњево и улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец, како дел од големата акција за чистење на општината.
„Продолжуваме со подобрување на хигиената во Центар, утрово нашите служби го исчистија сметот во населбата Крњево и на улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец. Се грижиме за чисто, уредно и здраво опкружување за центарци, ги уредуваме јавните површини и ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво. Ги повикувам сите граѓани да пријават смет и дива депонија, вработените на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ веднаш ќе постапат“, вели Герасимовски.
Големата акција за чистење „Центар не чека, Центар чисти“ започна минатата недела, откако Град Скопје ги остави центарските улици во смет, велат од општина Центар.
Македонија
(Видео) Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт, праша Лефков
„Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт? И Венко Филипче како претседател на СДС и Даниела Алексовска Стојановска треба да кажат како е уреден односот за користење на деловен простор во нејзината семејна куќа во Ранковце од страна на СДС“, праша Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали СДС плаќала кирија за закуп на судијката и колку? Дали киријата ја плаќале на сметка или во готовина?
Доколку СДС не плаќале за изнајмување на простор дали истите пријавиле донација од страна на судијката во форма на отстапување на деловен простор без надоместок?
Додека СДС и Даниела Алексовска Стојановска смислуваат одговор, судскиот совет да донесе одлука за разрешување на судијката која наркодилер наместо во затвор испратила во поправен дом.
Судскиот совет не може да се прави дека не ги гледа аргументите. Која и ситуација од погоре поставените дилеми да е вистина Даниела Алексовска Стојановска само поради тоа не смее да биде повеќе судијка. Одговорност мора да има“, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје
Генерално чистење во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода денес започна со акција за генерално чистење на јавните површини, улиците и парковите на своја територија, со цел да обезбеди почиста и поздрав животен амбиент за граѓаните. Активностите започнаа од населбата Цветан Димов и во наредниот период ќе бидат опфатени сите 15 населби и населени места во општината, извести општината.
Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини. Се мете и рачно, но и со новите метларки кои неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Се перат плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад. За жал, се санира и несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните простори. Во овој контекст Општина Кисела Вода најавува дека за околу две седмици ќе организира нова акција за бесплатно подигнување на кабаст отпад, кој потоа ќе биде соодветно складиран на депонија. За оваа активност граѓаните ќе бидат дополнително известени, велат од општина Кисела Вода.
-Обезбедувањето на чиста и здрава средина за граѓаните е наш врвен приоритет. Денес започнавме со темелно чистење на улиците, парковите и јавните површини, а овој процес ќе се спроведува низ целата општина во наредниот период. Со новонабавените метларки и со ангажманот на нашите сезонските работници, Кисела Вода станува почисто и поуредено место за живеење. Истовремено, апелираме до граѓаните да покажат поголема свест и одговорност во одржувањето на хигиената во нашите населби. За оние кои имаат потреба од отстранување на кабаст отпад, општината во наредните две недели ќе организира специјална акција за негово бесплатно подигнување. Остануваме посветени на создавање на уредна и еколошки одржлива општина- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
По денешната акција во населба Цветан Димов, утре активностите продолжуваат во населба Драчево, во четврток во Расадник и 11 Октомври Згради, а следната недела акцијата ќе продолжи и во сите останати месни и урбани заедници согласно веќе изготвениот динамички план, се додава во соопштението на општината.