Спорт
Рашфорд до крајот на сезоната во Астон Вила

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд официјално се пресели на позајмица во Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем.
Рашфорд (27) ќе биде на позајмица во Астон Вила до крајот на сезоната, а клубот од Бирмингем има опција да го купи, пренесува Би-Би-Си.
„Би сакал да им се заблагодарам на Манчестер Јунајтед и Астон Вила што ја овозможија оваа позајмица. Се восхитувам на начинот на кој игра Астон Вила оваа сезона и на амбициите на менаџерот. Возбуден сум што ќе играм овде“, изјави Рашфорд на Инстаграм.
Англискиот фудбалер оваа сезона забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна седум гола. Неговиот последен настап беше на 12 декември против Викторија Плзен во Лигата на Европа, по што тренерот Рубен Аморим го избриша од составот.
Рашфорд целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, одигра 440 натпревари и постигна 138 голови.
За репрезентацијата на Англија одигра 60 натпревари и постигна 17 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тренерот на Црвена звезда го затвори својот профил поради закани од навивачи

Кошаркарите на Црвена звезда ја завршија сезоната 2024/2025 со поразот од Спартак во вториот натпревар од полуфиналната серија во домашниот шампионат. Елиминацијата на црвено-белите е сензационална бидејќи, актуелниот првак, прв пат по 14 години не успеа да се пласира во финалето.
По елиминацијата, тренерот на Црвена звезда, Јанис Сферопулос, го деактивирал својот профил на социјалната мрежа „X“.
Според портал „Нова С“, по поразот на црвено-белите во Суботица од Спартак, навивачите на црвено-белите биле крајно незадоволни.
„Серијата лоши резултати кулминираше со дебакл во домашното првенство, а разочараните навивачи лансираа лавина од навреди на социјалните мрежи, особено на платформата „X“ (поранешен „Твитер“), која Сферопулос редовно ја користеше. За жал, во тој поплава од коментари имаше крајно несоодветни и брутални пораки, вклучително и закани со смрт, поради што тренерот на Звезда одлучи да го исклучи својот профил и да се повлече од социјалните мрежи“, пишува „Нова С“.
Спорт
(Видео) Голот на Педро Нето од камерата на судијата

Фудбалерите на Челзи го отворија Светското клупско првенство со победа. Во својот прв натпревар во Групата Д од натпреварувањето, играчите на Челзи го победија Лос Анџелес ФК со 2:0 со головите на Педро Нето (34-та минута) и Енцо Фернандез (79-та минута).
Првиот гол на натпреварот беше особено импресивен, за многумина најубав досега на турнирот во Соединетите Американски Држави. Сопственикот на правата за емитување го објави на своите социјални мрежи видеото од камерата на судијата на натпреварот.
Ref cam’s of Neto’s goal is AMAZING 🤯
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every game. Free. | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #CHELAF pic.twitter.com/rvyja1JcQ2
— DAZN Football (@DAZNFootball) June 16, 2025
Спорт
Македнските клубови ги дознаа можните противници во европските купови

Фото/ ffm.mk
Шкендија, Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа можните противници за првото квалификациско коло. Шкендија ќе стартува во Лигата на шампионите, ждрепката е во 14 часот во Нион, а останатите три екипи ќе се натпреваруваат во Конференциската лига. Ждрепката ќе се одржи од 16 часот во Нион.
Шкендија нема да биде носител, се наоѓа во групата 1, а моѓе да игра против: Малме (Шведска), Жалгирис (Литванија), РФС (Летонија), Купс (Финска) или ТНС (Велс).
Кога ќе се погледнат можните противници, впечаток е дека Вардар најдобро помина, а дека пред тешка задача ќе имаат Силекс и Работнички.
Во групата 2 можно противници на Силекс се Петрокуб (Молдавија), Ордабаси (Казахстан), Дечиќ (Црна Гора) и Урарту (Ерменија).
Вардар, кој по седум години се враќа во европските купови, во групата 3 за противник може да добие еден од овие тимови: Дуделанж (Луксенбург), Копер (Словенија), Сутјеска (Црна Гора), Ла Фиорита (Сан Марино).Работнички ги чека противниците во групата 6, можни ривали се Дила Гори (Грузија), Пјуник (Ерменија), Торпедо (Белорусија) и Борац Бања Лука.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17.јули.