Контакт

Македонија

Да ги запознаеме ретките болести: Mozzart со поддршка на кампањата и здружението „Ретко е да си редок“

Објавено пред

Февруари е месец посветен на ретките болести. Годинава кампањата „Запознајте ги ретките болести“ во организација на Здружението „Ретко е да си редок“  се спроведува по седми пат и повторно со поддршка од компанијата Mozzart.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на Здружението, Гордана Лолеска изрази голема благодарност за поддршката која компанијата ја дава за подобра организација и реализација на национална кампања за ретките болести.

„ Голема благодарност до компанијата Mozzart што повторно одлучи да застане зад нашата кампања посветена на ретките болести за кои треба да зборуваме се повеќе. Нивната помош многу ни значи на секое поле и е премногу важна. Овој проект првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го дозбогатија проектот со видеа и аудија за секоја болест, така што проектот се емитуваше низа цела територија на Македонија и низ различни медиуми со што еден мал замислен проект прерасна во национална кампања за ретки болести“, изјави Гордана Лолеска, Претседател на Здружението „Ретко е да си редок“.

Првиот ден на ретки болести бил одбележан во 2008 година на 29 февруари и оттогаш, истиот се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по својот редок број на денови.

„Втора година даваме поддршка на Здружението „Ретко е да си редок“ како и на кампањата „Запознајте ги ретките болести“.  По првата успешна соработка, одлучивме истата да ја продолжиме и оваа година и да бидеме дел од овој проект во кој ќе се реализираат голем број активности, а се со цел да се даде поддршка на лицата со ретки болести и на Здружението кое стои зад целата кампања. Драго ни е што и оваа година ќе бидеме дел од активностите и заедно ќе допринесеме за подобро запознавање на ретките болести”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Она што не е ретко се добрите дела кои ги реализира лидерот во приредување игри на среќа. Препознатливи како компанија со најголема општествена одговорност, Mozzart не престанува да подава рака, да помага и да дава поддршка на многу места и во различни области.

ПР текст

Македонија

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на вработена во болницата „8-ми Септември“, која го попречила новинарскиот тим на Клан телевизија при извршување на нивната работа. Ваквите обиди, велат од ЗНМ, за ограничување на слободата на информирање претставуваат директен напад врз медиумските слободи и правото на јавноста да биде информирана за прашања од висок јавен интерес.

dobivaj vesti na viber

Потсетуваат дека со последните измени на Кривичниот законик, нападите и попречувањата на работата на новинарите ќе се третираат како напад врз службено лице и соодветно ќе се санкционираат. Секој обид за заплашување, попречување или цензура на медиумските работници е неприфатлив и бара итна реакција од надлежните институции.

„Темата за проблемите на пациентите на дијализа и нивниот пристап до здравствени услуги е од големо значење за граѓаните на земјава и бара целосна транспарентност од институциите. Наместо да се спречува медиумското известување, здравствените власти треба да обезбедат отвореност и одговорност пред јавноста, особено кога станува збор за прашања што директно го засегаат животот и здравјето на луѓето. Ги повикуваме надлежните институции да ја истражат оваа ситуација и да преземат соодветни мерки за заштита на новинарите при извршување на нивните професионални задачи. Истовремено, апелираме до сите јавни функционери и вработени во институциите да ги почитуваат демократските принципи и да соработуваат со медиумите во интерес на вистината и транспарентноста“, велат од ЗНМ.

Слободата на медиумите е еден од темелите на демократското општество, а секој обид за нејзино ограничување е закана за правото на граѓаните да бидат информирани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Објавен прирачник за поттикнување меѓугенерациско разбирање преку планинарење во природа

Објавено пред

Граѓанската организација Еко Логик го објави својот нов Прирачник за поттикнување меѓугенерациско разбирање преку планинарење во природа. Овој прирачник е уникатен и е наменет за сите кои сакаат да ги поврзат генерациите преку заеднички активности на отворено, учејќи и истражувајќи ја природата.

dobivaj vesti na viber

Покрај Прирачникот ќе следат и 8 интерактивни игри за различни возрасти, преку кои учесниците можат да учат за природата, дендрологијата, биодиверзитетот и многу повеќе. Овие игри се дизајнирани да бидат едукативни, забавни и лесно прилагодливи за различни групи, од деца до стари.

За кого е наменет прирачникот?

– Планинарски друштва
– Извиднички одреди
– Спортски клубови
– Семејства и групи од сите возрасти

Прирачникот е бесплатен и достапен за сите заинтересирани. Можете да го преземете на следниот ЛИНК.

Природaта е најдобриот учител, а овој прирачник може да биде сечиј водич за да се искористат неговите лекции за создавање трајни врски и спомени меѓу генерациите.

Проектот е финансиран од ЕУ, преку програмата Еразмус+

Прикажи повеќе...

Македонија

Jаневска на Самит за образование, иновации и култура во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија

Објавено пред

Академската титула е достигнување за кое размислува мнозинство од младите денес и наша должност е да им обезбедиме квалитетно високо образование. Целта полесно се остварува ако со некого разменувајќи искуства, заедно чекорите по патот, а уште полесно е ако ве води некој што веќе го поминал тој пат. Унгарија е земја која со добро обмислени реформи го унапреди високообразовниот систем, може да биде добар пример и да им помогне на земјите од Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на Самитот на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што денес и утре се одржува во Будимпешта, а во чиј фокус е унапредување на соработката во овие области помеѓу земјите учеснички.

„Самитот е уште еден исчекор кон јакнење на релациите меѓу земјите од Западен Балкан. Размената на искуства решава предизвици и ни ја подобрува меѓународната конкурентност како регион. Од друга страна пак, повисоката цел е јакнење на соработката со Унгарија и со Европската Унија“, рече Јаневска.

Министерката нагласи дека македонската влада основаше Национално координативно тело за реформи во високото образование, кое ќе ги дефинира промените што ќе го забрзаат неговиот развој. Како што рече, во план е промена на моделот на финансирање на високообразовните установи и законски измени за објавување на повеќе научни трудови како услов за напредување во звања кои пак, истовремено ќе го подигнат и рејтингот на нашите универзитети на глобалните ранг листи. Ќе се стимулира модернизација на постојните студиски програми, како и воведување повеќе програми на англиски јазик.

Според Јаневска, и развојот на науката станува национален приоритет. Во таа насока, буџетот за наука за 2025 година е речиси двојно зголемен споредбено со 2024.

„Имаме Стратегија за паметна специјализација и активно работиме на остварување на целите дефинирани во овој документ. Чест ми е да споделам дека пред само три дена го отворивме првиот Европски дигитален иновациски хаб, со кој, ја јакнеме истражувачката и иновациска инфраструктура што треба да ја сочинуваат иновациски центри, центри на извонредност и хабови во областите дефинирани со стратегијата“, рече Јаневска, додавајќи дека се работи и на подготовка на нова Национална програма и нов Закон за научно-истражувачка дејност, а следуваат и активности за исполнување на обврските од Планот за раст и реформската агенда за Западен Балкан, но и од новата Европска агенда за иновации.

„Јас сум сигурна дека ќе ги оствариме целите и визиите, затоа што Македонија има голем научен потенцијал. Имаме многу квалитетни научници – млади, но и искусни, дома и во светот. За пофалба е дека шест од нив во 2021 година, се најдоа и на листата на топ 2% највлијателни светски научници, публикувана од Универзитетот Стенфорд од САД. Работиме на нивно обединување и стимулација, бидејќи единството, сплотеноста на идеите и вреднувањето на трудот, можат да донесат развој на нашето општество, придонес кон регионалниот, но и кон глобалниот развој“, додаде министерката.

На иницијатива на Јаневска која беше прифатена од учесниците, во рамки на следниот самит ќе се организира средба меѓу претставници на најдобрите универзитети и научни институти од земјите од Западен Балкан и Унгарија, од кои се очекуваат нови иницијативи за воведување на заеднички студиски програми (двојни дипломи) и истражувачки проекти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Обвинителството тврди дека Палевски го возeл „реното“ на денот на грабнувањето на Вања, одбраната негира

На денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната, Вања Ѓорчевска и убиството на велешанецот Панче Жежовски, Обвинителството прикажа снимка...

Македонија2 часа

Нема договор за минималната плата, ќе се дефинира официјална потрошувачка кошница, велат од Организацијата на работодавачите

Нема договор за минималната плата, но ќе има официјална потрошувачка кошница што ќе ја креираат синдикатите, Државниот завод за статистика,...

Македонија4 часа

Филков ја разреши судијката Алексовска-Стојановска од работната група за измени на Кривичниот законик: Да се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина

Министерот за правда Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алаксовска-Стојановска од членство во работната група за измени на Кривичниот законик,...

Македонија6 часа

Трајкоска-Стрезоски за случајот со прегазената Фросина: Одговорност на судијката не би требало да има, лично ја познавам

Претседателката на Академијата за судии и обвинители, Ирина Трајкоска-Стрезоски, оценува дека судиите се професионалци, кои работат во согласност со законот,...

Македонија6 часа

Не би сакал во вакви моменти на чувства да се носат избрзани одлуки, вели Камбовски за случајот на смртно прегазената Фросина

Судскиот совет будно го следи случајот со смртно прегазената Фросина Кулакова од Неготино, уверува претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски....

Македонија6 часа

Секоја година од рак на грлото на матката заболуваат речиси 200 жени, Владата итно да ги зголеми средствата, бараат здруженијата

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), по повод Светскиот ден за борба против ракот, ги повикува Владата...

Македонија7 часа

Се проширува истрагата во „Адитив“- осомничени осум нови лица, а тројца претходно осомничени се товарат и за перење пари

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како „Адитив“, во насока на проширување на постапката, под раководство...

Топ7 часа

(Видео) Претреси на повеќе локации во Скопје, Велес и Прилеп, уапсени 10 лица, запленети 500.000 евра: МВР објави снимка

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните...

Македонија8 часа

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и...

Македонија9 часа

СДС го партизира судството, во куќа на таткото на судијката Алексовска-Стојановска смести општински штаб, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го окупираше и го зароби правосудниот систем. Во судството се потребни итни и неодложни реформи. Седум години власт наместо...

Свет10 часа

Путин: Трамп многу бргу ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете...

Европа10 часа

Француски хирург со години силувал деца под анестезија: почнува неговото судење

Поранешен хирург обвинет за злоупотреба на стотици млади пациенти, често додека тие биле под анестезија, ќе оди на суд овој...

Европа10 часа

(Видео) Голем украински напад со дронови, Русија ги затвора аеродромите

Украина синоќа употреби беспилотни летала за да ги нападне објектите за гориво и енергија во руските региони Астрахан и Волгоград....

Европа11 часа

(Видео) Зеленски: Украина е поблиску до мир од кога и да било од почетокот на војната

Украина успеа да ја одбрани својата држава и независност и сега е поблиску до мир отколку кога било во речиси...

Свет11 часа

Трамп: Набргу воведуваме царини за Европската Унија, тие навистина нѐ искористија

Царините за стоките увезени во САД од ЕУ ќе се случат „многу наскоро“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Тие навистина...

Свет11 часа

(Видео) Канадските навивачи ја исвиркаа американската химна неколку часа по одлуката на Трамп

Неколку часа откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави воведување високи царини за канадски увоз, а по контроверзните предлози на...

Македонија23 часа

(Фото) Илјадници граѓани пред Кривичниот суд, извикуваат „оставка“ и „правда за Фросина“

Граѓаните кои протестираат пристигнаа пред Кривичниот суд. Поради масовноста на протестот, толпата не продолжи кон Обвинителството, па од Собранието тргнаа...

Македонија24 часа

(Фото) Три минути молк пред Собранието на Македонија

Демонстрантите стигнаа до Собранието. Во тек е триминутен молк и тука. Стотици граѓани со транспаренти во ист глас извикуваа „Убијци!“...

Македонија1 ден

(Фото) Граѓаните тргнаа кон Собранието

Присутните граѓани на протестот „Секој еден може да е следен“ тргнаа кон Собранието, оттаму ќе се уптатат кон Основното јавно...

Македонија1 ден

(Видео) Три минути молк на почетокот на протестот

Протестот на Партизанска започна со три минутен молк. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е...