Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/67e3dfe3-40f7-446b-9691-a73cf0130324-skapa-struja-sijalici.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од населба Момин поток извод кон река Серава (општина Карпош)
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул. Хелсинки бр.9А и 9Б и Ташкентска бр.18,16 (општина Карпош)
– во периодот од 07.30 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул.1, над маркет Давидов до кружен тек, ПВ Метало Солар(општина Сопиште)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул.500, ул.500 – Марино, од црква Света Троица до фотостудио Визија (општина Илинден)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. 6, сите останати корисници во делот од с. Арачиново под регионалниот пат во насока кон нас. Илинден, ул. 4, ул. 8, ул. 10 (општина Арачиново)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
МВР: Проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/policija-mvr.jpg)
Министерството за внатрешни работи извести дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Скопје
Утре без струја дел од Центар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/bez_struja.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе остане дел од општина Центар.
Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Шумадиска ќе останат без струја.
Скопје
Нормализирана наставата во училиштата во Скопје по дојавите за бомби
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/ucilnica-1.jpg)
По утринските дојави за бомби во шест основни училишта во општина Аеродром, тимови на МВР веднаш излегоа на терен и по извршените контроли, учениците се веќе вратени на настава, извести в.д. градоначалникот Дејан Митески.
Наставата продолжи и во другите училишта во Скопје во кои имаше дојава за експлозивни направи.