Забава
Блејк Лајвли и Ана Кендрик ќе промовираат нов филм, се шпекулира дека се во кавга
Блејк Лајвли е среде кавга со нејзиниот колега во It Ends With Us Џастин Балдони, што резултираше со правни спорови и обвинувања. Но, додека таа драма сè уште се одвива, актерката се подготвува да го промовира својот нов филм Another Simple Favor, во кој повторно глуми со Ана Кендрик.
Нивната соработка доаѓа во време кога се шират гласини дека не се поднесуваат, откако претходно заедно глумеа во филмот A Simple Favor. Сега и двете се во центарот на вниманието бидејќи ја започнуваат промотивната кампања за продолжението, чија премиера е закажана за 7-ми март.
Откако објавите на Блејк Лајвли на социјалните мрежи за време на промотивната кампања за филмот It Ends With Us доведоа до низа критики и судири со Балдони, Блејк наводно ангажирала приватен експерт за комуникации за да и помогне да избегне дополнителна штета на нејзината кариера.
Со оглед на зголемениот интерес од обожавателите, многумина почнаа повторно да ги анализираат интервјуата од 2018 година, кога Блејк и Ана го промовираа својот прв заеднички филм. Потоа си разменија саркастични коментари, а тензијата меѓу нив, според многумина, била многу забележлива.
Едно од интервјуата кое повторно стана вирално на социјалните мрежи покажува дека Ана ја „омаловажува“ Блејк, сугерирајќи дека таа не е толку талентирана како неа. „Ја запознав Блејк неколку пати преку Рајан Рејнолдс додека го снимав филмот The Voices и, знаете, ми изгледаше како убава личност… но малку згрешив“, изјави Кендрик. Иако се чинеше како шега, Ана во еден момент ладно и кажа на Блејк: „Не ме допирај“.
По овие саркастични коментари, атмосферата меѓу нив две наеднаш се залади, а Блејк немирно продолжи со насмевка на лицето. Ана исто така сугерираше дека Блејк е љубоморна, откако Блејк призна дека „никогаш не би можела да стане принцеза на Дизни без гласот на Ана“. Ана тогаш ѝ одговорила: „Ах, кутра ти, животот ти е толку тежок!“
Во еден момент од интервјуто, Блејк го загуби трпението бидејќи репортерот и поставуваше прашања само на Ана, па таа фрустрирано рече: „Што е со мене овде?“ Ана иронично одговорила: „О, Боже, те молам не се карај само затоа што сум најдобра во се!“ Дури и за време на снимањето на трилерот A Simple Favor во 2018 година, кружеа гласини за нивниот конфликт, иако многумина тврдат дека тоа е само сарказам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

