Црна хроника
Охриѓанец и кривопаланчанец продавале ножеви, лисици, метални боксирачи и електрошок направи на пазарот во Охрид
Охридската полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера на пазарот во Охрид открија охриѓанец и кривопаланчанец кои на тезги на пазарот продаваат ножеви, лисици, метални боксирачи, електрошок направи и други предмети. Стоката им е одземена, а против двајцата ќе бидат поднесени пријави.
„На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се С.Ј.(63) од Охрид и Е.П.(47) од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети. Предметите се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти денес охридската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

