Спорт
Артета подготвува ремонт, седум играчи ќе го напуштат Арсенал

Се е подготвено за масовен егзодус од Арсенал кој ќе се случи на крајот од сезоната. „Топчиите“ сакаат да донесат нови засилувања следното лето, а за тоа се подготвени да избркаат дури седум играчи од „Емирати“.
Според новинарите на „Мирор“, Артета подготвил големи промени и официјално ќе ги направи во текот на летото.
Рахим Стерлинг и голманот Нето нема да останат во Арсенал по истекувањето на позајмиците, туку ќе одат во нивните матични клубови. Стерлинг пристигна во Арсенал од Челзи, додека Нето дојде од Борнмаут.
Киран Тиерни, Томас Парти и Жоргињо се играчи на кои договорите им истекуваат на крајот на сезоната и тие ќе си заминат од клубот како слободни играчи.
Тирни и Жоргињо веќе подолго време се поврзуваат со заминување од Арсенал, но Артета одлучи да ги задржи во клубот до крајот на сезоната.
Познато е дека од наредната сезона Тиерни ќе игра во Селтик, додека Жоргињо ќе се врати во Бразил каде ќе потпише за Фламенго.
Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, Томас Парти. Репрезентативецот на Гана се поврзува со враќање во Атлетико Мадрид.
Олександар Зинченко и Јакуб Кивиор по крајот на сезоната ќе си заминат од Емирати и ќе бараат нови клубови.
Заминувањето на овие играчи нема да донесе особено голем профит за Арсенал, но ќе ослободи простор за плати кога станува збор за новите играчи кои ќе дојдат во клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ се спаси од пораз против Стразбур

Фудбалерите Пари Сен Жермен и Стразбур ремизираа 3:3 во дербито на осмото коло од Лига 1.
Луд натпревар беше виден на „Паркот на принцовите“. Домаќинот трган фуриозно, а на крајот мораше да се бори за еден бод.
Сè започна со голот на Баркола во шестата минута, но гостите до полувремето направија пресврт, со головите на Паничели во 26-та и Мореира во 41-та минута.
Паничели дополнително ги загрижи „Светците“ во 49-та минута, а Рамос го врати ПСЖ во игра од пенал во 58-та минута.
Мајулу спаси бод за ПСЖ во 79-та минута.
И на овој натпревар Луис Енрике не можеше да смета на важни играчи – Дембеле, Маркињос, Невеш, Руиз, додека Кварацхеликја, Мендеш и Витиња започнаа од клупата.
ПСЖ го запиша второто последователно реми, и е на чело со 17 бода, еден повеќе од Стразбур.
Спорт
Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер (23), нема да може да им се придружи на соиграчите уште шест недели поради повреда на препоните, објави тренерот Енцо Мареска.
Палмер не играл од поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед на 20 септември.
Тој го напушти теренот во првото полувреме, а Мареска потоа објави дека ќе го одмори до октомвриската репрезентативна пауза, која сега е завршена.
„Згрешив. За жал, тој ќе биде надвор од терените веројатно шест недели“, рече Мареска, исклучувајќи ја можноста за операција.
„Се обидуваме да го заштитиме Кол колку што е можно повеќе и најважно е тој да биде целосно закрепнат кога ќе се врати“, додаде италијанскиот стручњак.
Челзи, кој моментално е седми на табелата во Премиер лигата, во сабота гостува кај Нотингем Форест, кој е 17-ти на табелата.
Спорт
Флик негира дека претседателот на клубот му се меша во работата

Ханси Флик, на прес конференцијата, пред натпреварот со Џирона, бурно реагираше на прашањето дека претседателот на Барселона барал Ламин Јамал да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.
Шпанските медиуми со денови шпекулираат за наводниот конфликт во врвот на каталонскиот клуб, според кој претседателот Џоан Лапорта наводно му наредил на Ханси Флик да го вклучи Ламин Јамал во почетниот состав за натпреварот против ПСЖ, иако 18-годишникот, според изворите, доцнел на задолжителниот состанок на тимот пред дуелот.
„Би сакал да знам од каде доаѓаат тие глупости. Никој во клубот никогаш не ме замолил да направам нешто слично. Тие ми веруваат целосно. Немам што да кријам, познато е дека во Барселона тренерскиот штаб носи спортски одлуки“, рече Флик.
Тој нагласи дека Ламин Јамал не бил казнет и дека неговото место во почетниот состав против ПСЖ е спортска одлука, а не резултат на каков било притисок од раководството.
Да потсетиме дека шпанските таблоиди претходно објавија дека Флик прво планирал да го казни младиот напаѓач затоа што доцнел и дека му рекол дека нема да биде во првиот состав. Сепак, според овие шпекулации, раководството на клубот наводно инсистирало Јамал да го започне натпреварот.
Инаку, Барселона во второто коло загуби од ПСЖ со 1:2.