Македонија
Гаши со честитка до Курти: Овој резултат ја претставува довербата на граѓаните во однос на визијата за развојот и безбедноста на Косово
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка до Албин Курти за изборите во Косово.
„Изборите во Косово сведочат за зрелоста на народот на Косово, а изборниот процес ја покажува сериозната заложба на институциите за транспарентност и демократија.
Искрени честитки до мојот пријател Албин Курти за достоинствената победа на Движењето Самоопределување на парламентарните избори во Косово! Овој резултат ја претставува довербата на граѓаните во однос на неговата визија за развојот и безбедноста на Косово, како и нивната благодарност за неговиот успешен мандат на чело на владата.
Исто така, честитки за граѓаните на Косово! Се надевам дека нивниот глас ќе придонесе за унапредување на социјалната заштита, како и за европската иднина на државата. Северна Македонија останува посветена на продлабочување на соработката, а нашите пријателски односи остануваат непоколебливи“, се вели во честитката на Гаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

