Регион
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица: уапсена мајката

Вчера, беше пронајдено мртво бебе во корпа за отпадоци во Подгорица и полицијата почна потрага по мајката на детето и утврдување на околностите на овој страшен чин.
Вишото јавно обвинителство на Црна Гора соопшти дека мајката на новороденчето е идентификувана, а денеска соопштено е и дека мајката е уапсена. Жената е 28-годишна жена од Плужине, која живее во Подгорица, се вели во соопштението на полицијата, а пренесува РТЦГ.
Како што наведуваат, прегледани и одземени се поголем број снимки од надзорните камери, прибирани се информации од граѓани, а извршени се и многубројни увиди и проверки по што бил лоциран станот што го користела мајката. Извршен е претрес и пронајдени се предмети што се директно поврзани со трагите што ги имала полицијата.
Осомничената била прегледана од лекар по што било потврдено извршувањето на кривичното дело што ѝ се товари.
„Во соработка со Вишото државно обвинителство преземени се мерки и дејства, при што во понатамошна правна квалификација, по наредба на државен обвинител при Основното државно обвинителство во Подгорица, мајката е лишена од слобода поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело убиство на дете за време на породување“, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца Британци осомничени за силување во хотел во Сплит

Тројца британски државјани од албанско потекло се приведени под сомнение за силување на 28-годишна жена во хотел во Сплит, објавува „Далматински портал“.
Полицијата добила пријава во вторникот, кратко по 7 часот наутро. На местото на настанот пронашле еден осомничен, додека другите двајца биле брзо пронајдени и уапсени.
По завршувањето на кривичната истрага, полицијата утврдила дека постои основано сомнение дека тројцата заеднички и согласно го сториле тешкото кривично дело силување врз хрватската државјанка.
Тие биле испрашани од државното обвинителство, а се очекува предлог за изрекување мерка притвор.
Фото: принтскрин
Регион
Силен земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Крит попладнево, со епицентар во морето, југозападно од градот Ханија.
Земјотресот се случил во 16:26 часот по локално време на длабочина од околу 50 километри, според конечните податоци од Националната опсерваторија во Атина (NOA), пренесуваат медиумите во регионот.
Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на западен Крит, но според досегашните информации, не предизвикал значителна материјална штета. Локалното население пријавило слабо до умерено тресење. Најсилно бил почувствуван во градот Кисамос, на околу 34 километри од епицентарот. Послаби потреси биле регистрирани и во поголемите градови како што се Ханија, Суда и Ретимно.
Регион
Трагедија на Раб: дете падна од воден тобоган и почина

Дете почина вчера попладне во болницата во Риека кога падна од воден тобоган, соопшти хрватската полиција.
Според полициското соопштение, детето е германски државјанин, кој починал кога паднал од воден тобоган, објави „Јутарњи“.
Полицијата во соработка со сите други надлежни служби и институции ги утврдува околностите и фактите поврзани со смртта на детето, соопшти Полициската управа приморско-горанска.
Фото: принтскрин