Спорт
Крос: Треба некој да им каже на играчите на Барса дека победа над Реал значи и освоена титула

Тони Крос минатото лето реши да замине во пензија. Последниот меч во кариерата го одигра во дресот на националниот тим, на ЕП, кога во четвртфиналето Германија загуби од Шпанија (1.2).
Тони Крос е убеден дека Реал Мадрид оваа сезона повторно ќе ја освои Ла Лига. Покрај Реал, во борба за трофејот се и Атлетико Мадрид и Барселона, но за легендарниот Германец нема дилема кој прв ќе мине низ целта.
„Реал Мадрид ќе ја освои Ла Лига. Не се сомневам во тоа“, рече Крос и продолжи: „Ќе се води битка за второто место меѓу Атлетико и Барселона. Верувам дека Атлетико ќе ја добие таа битка“, вели поранешната ѕвезда на Реал.
Легендарниот Германец не ја испушти можноста да испрати провокација на адреса на Барселона. На Каталонците им порача дека победите над Реал не се трофеи.
„Барселона како и обично ќе ги слави победите над Реал, но искрено тоа не е трофеј. Ако сакаат да бидат на високо ниво, мора да го сменат својот менталитет“.
Погледот на табелата во Шпанија најаваува жестока борба за титулата до самиот крај. Реал Мадрид е прв со 50 бодови, Атлетико има 49, Барселона 48, а не е далеку ниту Атлетик Билбао со 45.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.