Македонија
Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди

Времето денеска со студено утро, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
До среда времето ќе се задржи стабилно и студено особено наутро, потоа утринските температури ќе бидат во постепен пораст.
Утре попладне на југозападот ќе има појава на слаб повремен снег, а во среда најпрвин во планинските региони потоа преку ноќта и во четврток ќе има повремени локални врнежи претежно од снег на пониските места од дожд и снег.
Постојната снежна покривка особено во западниот дел ќе се прошири понекаде и на повисоките места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Марков: Измените на Законот за здравствено осигурување ќе овозможат директна судска контрола на актите на ФЗО и заштита на осигурениците

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков, кој бараше по скратена постапка да се стави на дневен ред Предлог законот за изменување на Законот за здравствено осигурување, со што би се овозможило директна управна судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување.
„Како дополнување на дневниот ред барам да се стави Предлог закон за изменување на Законот за здравствено осигурување, со ова Предлог законско решение се предвидува директна управна судска контрола на првостепените акти на Фондот за здравствено осигурување и на овој начин ќе се овозможи Фондот да биде тужен орган во управно судска постапка, осигурениците во својство на тужители во контрадикторна судска постапка да ги остваруваат своите права“, рече Марков и додаде:
„Ова е особено значајно затоа што во судската постапка можат да се изведуваат вештачења како доказни средства, што не е случај во второстепената управна постапка и на тој начин одлучувањата за правата на осигурениците ќе биде на брз и ефикасен начин со правосилни и извршни судски одлуки. Дополнително во Предлог законското решение е предвидено одлуката по управниот спор да се донесе во рок од 30 дена што не е случај за управно судските постапки за другите области “, вели Марков.
Македонија
Активни седум пожари во државата

Според најновите информации, на територија на цела држава активни се седум пожари, информира Центарот за управување со кризи.
На ден 24.07.2025 година, се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои седум се активни,три се под контрола и два се изгаснати.
АКТИВНИ (7):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
4. Општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
5. Општина Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
6. Општина Македонски Брод 3 – с. Латово (мешана шума)
7. Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
3. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
ИЗГАСНАТИ (2):
1. Општина Чучер Сандево – кај далеководите (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)
Македонија
Орце Ѓориѓиевски и Каја Шукова ќе се борат за Град Скопје и со кандидат од „Влен“, Меџити името ќе го објави следната недела

Коалицијата „Влен“ ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Скопје, најави денес првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити. Во коалицијата сѐ уште траат анализите за настап на претстојните локални избори, а засега извесно е само дека ќе го поддржат независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура.
„Ќе имаме кандидат за Град Скопје. Кој ќе биде и за Чаир и за Скопје и за сите општини предложен од ‘Влен’, ќе биде извесно многу бргу. Досега ‘Влен’ има определено да му даде поддршка на независниот кандидат Менди Ќура за Струга. При крај сме со сите општини со анализите, разговорите, мислам дека наредната недела ќе ги објавиме сите“, рече денес Меџити.
Како што е пракса во плурализмот, односно од деведесеттите наваму, Меџити вели дека и за овие локални избори владините партнери ќе си помагаат исто како што си помага опозицијата.
Кандидатот од „Влен“ за градоначалник на град Скопје ќе се бори со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, кој е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, и со поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, кандидатка на СДСМ.