Регион
Го убила сопругот, го закопала и го пријавила за исчезнат: уапсена српска државјанка во Грција
Во грчкото летувалиште Лептокарија уапсена е државјанка на Србија (34), која е во шестиот месец од бременоста, поради сомнение дека пред пет месеци го убила својот сопруг Костас Сијамитрас (58), а потоа се обидела да го прикрие злосторството, пренесуваат медиумите во соседството.
Според грчките медиуми, мажот бил пријавен за исчезнат на 2 септември минатата година, а неговата сопруга, која со месеци се правела загрижена и очајна пред камерите, била уапсена во четвртокот.
По апсењето, како што откриваат, се скршила и признала дека при расправија го оттурнала сопругот, кој удрил со главата и починал. Тогаш признала дека неговото тело го закопала во дворот на семејната куќа.
„Таа ги одвела истражителите до местото каде што го закопала сопругот, во дворот, зад нивната куќа. На местото на настанот излегле форензичари, кои по ископувањето на теренот на длабочина од околу 40 сантиметри пронашле човечки останки, череп и лопатка“, потврдија за грчките медиуми извори од истрагата.
Во текот на петте месеци колку што траеше потрагата по Костас Сијамитрас, неговата сопруга се огласуваше во медиумите и гостуваше во ТВ емисии, според написите.
„Таа рече дека ѝ недостигаше Костас, дека куќата е празна, дури рече дека е очајна, молеше за помош затоа што нивниот син постојано го бараше својот татко. Таа изнесе теории дека можеби нејзиниот сопруг се разболел бидејќи имал проблеми со дишењето, дека можеби колабирал и никој не му помогнал долго време“, пренесуваат грчките медиуми.
На распитот го признала делото.
Медиумите потсетуваат дека во првата изјава жената изјавила дека на 2 септември нејзиниот сопруг излегол од куќата и отишол на работа. Таа тврдела дека упорно му се јавувала, но дека по извесно време му бил исклучен мобилниот телефон и дека му се губи секаква трага.
Во меѓувреме, сведочењето на нивниот тригодишен син беше земено во присуство на психолог, како и на многу други сведоци. Таа во четвртокот повторно била повикана во полиција, а потоа признала дека се скарале и дека за време на разговорот го оттурнала, дека изгубил рамнотежа, паднал на подот и удрил со главата.
Соседите, според медиумите, рекле дека парот во последно време многу се карале. Таткото на жртвата наводно изјавил дека снаата била крајно злобна кон неговиот син.
„Последниве месеци додека го баравме беше целосно рамнодушна. Воопшто не ја интересираше, земаше мотор и одеше во село, одеше на прошетка, пазаруваше“, рекол таткото на жртвата, тврдејќи дека е сигурен дека имала соучесник.
Таткото на Костас Сијамитрас (58) изразил сомневање дека партнерката на неговиот син Гијан, не учествувала самата во убиството, туку дека имала соучесник.
„Доаѓав овде секој ден и се беше во ред. Не знам зошто се случи, ниту како дојде до ова. Од самиот почеток велев дека го направила тоа. Таа дефинитивно имала соучесници. Еден, двајца? Полицијата ќе дознае”, рекол тој.
Тој потсети и на нејзиното однесување.
„Секој ден прашуваше: Каде е Костас?! и се преправаше дека плаче. Сепак, таа не беше жена што плачеше поради загубата на сопругот“, рекол таткото на Костас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

