Свет
Хамас: Го одложуваме ослободувањето на заложниците, Израел не се држеше до договорот
Хамас објави дека на неодредено време го одложува ослободувањето на следната група израелски заложници кои се држат во Газа, велејќи дека Израел не се придржувал до условите од нивниот договор за прекин на огнот.
Повеќе заложници требаше да бидат ослободени завчера во замена за десетици палестински затвореници како дел од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари, но портпаролот на Хамас, Абу Обеид рече дека нема да ослободи повеќе заложници до понатамошно известување.
Досега имаше пет размени на заложници и затвореници во првата фаза од тековниот прекин на огнот, при што Хамас завчера ослободи тројца за кои многумина, вклучително и Трамп, коментираа дека изгледаат изгладнето.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека најавата на Хамас да престане со ослободувањето на заложниците е кршење на договорот за прекин на огнот во Газа и дека и наредил на армијата да биде на највисоко ниво на готовност во Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србинката осомничена дека го убила сопругот во Грција ќе се појави пред суд, семејството на жртвата верува дека имала соучесник
Србинката (34) осомничена дека го убила својот сопруг Костас Сијамитрас во Лептокарија, Грција, а потоа го закопала во дворот од нивната куќа и тврдела дека го нема пет месеци, денеска ќе се појави на суд.
Истовремено, семејството на убиениот смета дека обвинетата не делувала сама и бара да се знаат сите околности во кои е убиен Костас.
„Ќерката на жртвата цврсто верува дека има соучесник, а ако не во извршувањето на злосторството, тогаш секако во обидот да го прикрие пренесувањето и закопувањето на нејзиниот татко“, вели за „Прототема“, Димитрис Милонерос, адвокатот на ќерката на убиениот.ж
Во текот на прелиминарната истрага, 34-годишната жена тврдела дека по расправија што ја имала со нејзиниот партнер, тој паднал, ја удрил главата и бил смртно повреден. Потоа сама го носела и го закопала во дворот од нивната куќа. Шокантната информација е дека за сите овие месеци колку што властите трагаа по 58-годишниот, неговиот тригодишен син си играл во дворот од куќата, каде минатиот четврток бил пронајден закопан, според признанието на жената.
Според информациите, откако ќе заврши распитот на Србинката и во зависност од истражните дејствија што ќе бидат наредени, не е исклучено роднините на жртвата да побараат реконструкција на делото.
Регион
(Видео) Еди Рама пцуеше и удираше по маса во интервју емитувано во живо
Еди Рама, албанскиот премиер, луто одговори на прашања на социјалните мрежи откако беше уапсен градоначалникот на Тирана, негов близок соработник.
Албанскиот премиер изјави дека по апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, тој нема да поднесе оставка, и дека само срцето или народот можат да го тргнат од политиката.
Тој во видео-интервју емитувано во живо на социјалните мрежи рече дека неговите политички противници, по апсењето на Велијај, побрзаа да побараат негова оставка, пишува Еуроњуз на албански јазик.
Edi Rama has a complete meltdown during a live broadcast. pic.twitter.com/XeHCBBs7kw
— Admirim (@admirim) February 11, 2025
Во еден момент, Рама удри со раката на масата и пцуеше на англиски јазик.
„Можете да заборавите на мојата оставка. Тоа го бараат од кога влегов во политиката. Има само два начина да ме отстраните од политиката – или ќе ме отстрани срцето ако не чука доволно брзо за да ме разбуди наутро, или народот на Албанија ќе ме отстрани“, рече Рама.
Понатаму изјави дека за ова прашање ќе формира отворена јавна комисија.
„Од која причина да поднесам оставка? Ќе се справиме со ова прашање внимателно, ќе формираме отворена јавна комисија доколку е потребно“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велијај, беше уапсен во понеделникот по наредба на Специјалното обвинителство, а Специјалниот суд за борба против корупцијата и организираниот криминал и одреди куќен притвор на неговата сопруга Ајола Џоџа и нареди претреси во станот што наводно го користела.
Свет
Ердоган: Израел мора да ја прекине окупацијата на палестинските територии и да ги надомести штетите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Израел мора да ја прекине окупацијата на палестинските територии и да ја надомести штетата што ја предизвика, јавува Anadolu.
Воспоставувањето на независна, суверена и географски соседна држава Палестина, врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, е „неопходно“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со малезискиот премиер Анвар Ибрахим за време на посетата на Куала Лумпур.
Говорејќи за помошта за Газа, турскиот претседател изрази уверување дека е можно да се реши оваа ситуација доколку се здружат членките на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
„Како можеме заедно со земјите-членки на АСЕАН да ги ублажиме страдањата во Палестина? Ова не е нешто што ниту Малезија ниту Турција можат сами да го направат, но ако сите членки на АСЕАН се соберат, мислам дека можеме да го постигнеме тоа“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека Турција досега испратила повеќе од 100 бродови со помош во Палестина и дека овие напори продолжуваат.