Спорт
Феенорд го отпушти тренерот два дена пред дуелот со Милан во ЛШ

Два дена по убедливата победа против Спарта Ротердам (3:0) и два дена пред дуелот со Милан во Лигата на шампионите, Феенорд му врачи отказ на тренерот Брајан Приске.
По 21 одигран натпревар, Феенорд е петти во поредокот со 39 бодови, 12 победи, четири нерешени и шест порази. Третопласираниот Утрехт има три бода и натпревар помалку од Феенорд.
Во соопштението на клубот се наведува дека одлуката за прекин на соработката помеѓу Брајан Приске и клубот стапува на сила веднаш, а заедно со тренерот клубот го напуштаат и неговите помошници Лукас Бабалола Андерсон и Бјорн Хамберг. Како што е наведено, клубот се надева дека до утре ќе назначи в.д. тренер.
Иако отказот дојде по победата против Спарта, досегашните резултати не беа задоволителни. Феенорд испадна од Купот од ПСВ, а оваа победа над гостите од Ротердам беше прва во последните пет натпревари во кои освои само еден бод во лигата
Во среда, Феенорд го пречекува Милан првиот бараж меч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Остана уште една рунда – Шкендија против Лудогорец за место во Лига Европа или Конференциската лига

EPA/GEORGI LICOVSKI
Остана уште едно, одлучувачко коло за пласман во сите три натпреварувања на УЕФА за сезоната 2025/2026.
Крајот на август носи двоен плејоф за Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.
Што се однесува до учесниците во плејофот на ЛШ и ЛЕ, сите тимови, без оглед на резултатите, обезбедија европска есен. Меѓу нив е и шампионот на Македонија, Шкендија. Доколку го мине Лудогорец, Шкендија ќе игра во Лига Европа, во спротивно се сели во Конференциската лига.
Тимовите што ќе ги изгубат двата натпревари од плејофот на Лигата на шампионите ќе ја продолжат сезоната во Лига Европа.
Тимовите што ќе ги изгубат натпреварите од плејофот на Лига на Европа ќе ја продолжат сезоната во Конференциската лига.
Европската авантура во оваа фаза ќе ја завршат само поразените тимови од плејофот на Конференциската лига.
Плеј-оф од Лигата на шампионите (19/20 и 26/27 август):
Ференцварош – Карабаг
Црвена звезда – Пафос
Бодо/Глимт – Штурм
Селтик – Каират
Базел – Копенхаген
Фенербахче – Бенфика
Ренџерс – Клуб Бриж
Плејоф во Лига Европа (21/28 август):
Макаби ТА – Динамо Киев
Шкендија – Лудогорец
Слован – Јанг Бојс
Малме – Сигма Оломуц
Панатинаикос – Самсунспор
Абердин – ФЦСБ
Лех – Генк
Митјиланд – КУПС
Линколн – Брага
Зрињски – Утрехт
Бран – АЕК Ларнака
Риека – ПАОК
Плејоф за конференциска лига (21/28 август):
Хамрун – РФС
Шелбурн – Линфилд
Бреидаблик – Виртус
Дрита – Диферданж
Олимпија – Ноа
Стразбур – Бронби
Јагелонија – Динамо Сити
Шахтјор Доњецк – Сервет
Андерлехт – АЕК Атина
Башакшехир – Универзитатеа Крајова
Кристал Палас – Фредрикстад
Целје – Бањик Острава
Раков – Арда
Хибернијан – Легија
Левски – АЗ Алкмар
Полисија Житомир – Фиорентина
Ѓер – Рапид Виена
Неман – Рајо Ваљекано
Лозана – Бешикташ
Санта Клара – Шамрок
Розенборг – Мајнц
Спарта – Рига
Хакен – Клуж
Волфсбергер – Омонија
Спорт
Пет Рајли ќе добие статуа пред арената на Лејкерси

Легендарниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс, Пет Рајли, ќе добие статуа пред „Крипто Ком Арена“, поранешниот „Стејплс Центар“, од 22 февруари.
Лејкерс ќе му оддадат почит на Рајли во натпреварот против најголемиот ривал Бостон. Статуата на Рајли ќе стои до статуите на големите легенди на франшизата Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Коби Брајант.
Тој ги тренираше Лејкерс од 1981 до 1990 година, период наречен „шоутајм“ и освои четири титули.
Лејкерс со Пет Рајли победија 73 отсто од натпреварите, а тој победи на дури 102 натпревари како тренер во плејофот. Тој беше играч на Лејкерс од 1970 до 1975 година. Рајли ги тренираше и Никс и Мајами Хит. Тој ја освои титулата со Мајами во 2006 година, а сега е претседател на оваа франшиза.
Спорт
Додека трае сагата со Исак, Њукасл го заврши трансферот на Виса

Додека трае сагата со Александер Исак, Њукасл работи на трансферот на Јоан Виса од Брентфорд.
Александар Исак сака да си замине по секоја цена. Затоа не тренира со тимот и нема да биде во протоколот за натпреварот против Астон Вила на почетокот од Премиер лигата.
Првиот стрелец на тимот е голема желба на Ливерпул, но клубовите се далеку од постигнување договор.
Затоа Њукасл се сврте кон други решенија и се чини дека пронајдоа замена во Брентфорд. Јоан Виса наскоро треба да го засили тимот што ќе игра во Лигата на шампионите оваа година.
Виса доаѓа по одлична сезпна во Бранфорд. Репрезентативецот на Конго постигна 19 гола на 35 натпревари во сезоната 2024/25 и заедно со Мбеумо, кој се пресели во Манчестер јунајтед е најзаслужен за добрите резултати на Брентфорд.
Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните неколку дена бидејќи Виса, како и Исак, по секоја цена сака да го смени клубот.