Македонија
Аеродром, Сарај и Чаир денеска без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/4.9.jpg)
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Сарај и Чаир.
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Горно Лисиче во село Долно Лисиче во општина Аеродром;
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов 49, улицата Тодор Чангов 53, улицата Тодор Чангов 51, улицата Диме Илиевски Мурато во општина Аеродром;
– во периодот од 10:30 до 13:00 часот, дел од корисниците на село Сарај, село Грчец во општина Сарај;
– во периодот од 08:00 до 10:30 часот, дел од Сарај и стопански објекти на: Адем Иљаз, Ислам Абази, Млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска Пумпа Сарај во општина Сарај;
– во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Џон Кенеди зграда бр.5 и зграда бр.16, улицата Џон Кенеди зграда бр.9 и зграда бр.9А, улицата Џон Кенеди објекти-куќи бр.24, бр.26, бр.28, бр.30 во општина Чаир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Младите започнуваат движење за интернет без омраза
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/444.jpg)
На Меѓународниот ден за побезбеден интернет, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија партнерство за интернет без врсничко насилство и без говор на омраза и движење предводено од деца за похуман онлајн свет.
„Преку ова партнерство се стремиме на децата да им дадеме моќ, простор и алатки заеднички да создаваат иницијативи што одговараат на нивното сопствено искуство и се во линија со нивните секојдневни борби на интернет. Нашата цел е да им понудиме на девојчињата и момчињата социјални вештини и стратегии за справување, да ја градиме нивната отпорност, а воедно да ја подигнеме јавната свест за последиците од онлајн врсничкото насилство врз физичкото, менталното и емоционалното здравје“ рече претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер. „Сакаме да создадеме движење во кое децата ќе се спротивстават на врсничкото насилство онлајн и ќе промовираат човечност и љубезност во дигиталниот свет”.
„За нас е многу важно секој да има пристап до можностите на дигиталниот свет, а омразата на интернет ги загрозува сигурноста, почитта и инклузивноста на овој простор. Овој негативен феномен особено влијае на младите луѓе, коишто се најмногу засегнати. Во оваа значајна фаза од нивниот личен раст и развој, наша одговорност е да ги научиме како да ѝ се спротивстават на омразата и да станат двигатели на позитивна промена,” рече Никола Љушев, претседател на Фондацијата Телеком за Македонија.
Оваа двегодишна иницијатива е продолжение на долгогодишното партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое во текот на сите овие години им се обезбедува помош на децата и на младите при нивното справување со некои од најголемите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Досегашната соработка опфаќа: поддршка за еднакви можности за предучилишно образование на децата од руралните области, изработка на дигитални решенија за намалување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и дигитални решенија за справување со климатските промени.
Целта на новото партнерство е да се создаде движење преку кое младите ќе се борат за интернет без врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции предводени од млади како застапници коишто ќе ги инспирираат и другите да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја.
УНИЦЕФ заедно со Фондацијата Телеком за Македонија ќе објават отворен повик до децата и до адолесцентите да се вклучат во врсничката програма и во активностите за социјална мобилизација коишто ќе се спроведуваат во партнерство помеѓу Сојузот на извидници на Македонија и УНИЦЕФ.
Македонија
Николоски: Ќе ја реконструираме и ќе изградиме ново крило на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/112.jpg)
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната седница на Владата се донела одлука за реконструкција и изгрaдба на ново крило на болницата ,,Св. Еразмо ” –Охрид.
“На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид.
Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.
Св.Еразмо – специјална болница за ортопедија и траумотологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.
Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти! – напиша вицепремиерот Николоски.
Македонија
Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/Јована-Мојсоска-scaled-1.jpg)
Пратеничката од редовите на Левица на социјалните мрежи обзнани дека на Артан Груби државата му плаќала обезбедување што води до небулози кои според неа укажуваат на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер:
„Во одговор на пратеничко прашање, министерот Тошковски потврди дека државата му плаќала и обезбедување на Артан Груби, кој веќе неколку месеци е во бегство. Во одговорот на министерот Тошковски, се наведува дека решението за обезбедување на Груби го потпишал тогашниот министер Назим Буши, и тоа на 13 јуни 2024 година. Односно, само две недели пред да се конституира новата влада.
Нејасно е зошто министерот Тошковски не го отповикал ова решение за обезбедување на Артан Груби, ниту пак преиспитал дали постои висок ризик на опасност по животот на Груби, за што државата троши средства за негово лично обезбедување?! Со други зборови, криминалецот Груби не само што ја цицал државата додека бил на функција, туку и кога му престанала функцијата продолжил да користи лично обезбедување од МВР, платено од власта на ДПМНЕ. И најважното прашање за крај:
Доколку во моментот на бегство за Груби веќе била иницирана постапка и бил ставен на STOP листа, зошто обезбедувањето од МВР не реагирало кога Груби ги известил дека ја напушта државата?! Груби во неговата последна објава наведува дека го известил своето лично обезбедување пред да ја напушти државата. Зошто обезбедувањето не реагирало, како што не реагирал и службеникот на граничниот премин, води само кон тоа на уште едно исценирано бегство на високо профилиран функционер” – напиша Мојсоска на Фејсбук.