Македонија
СДСМ: Македонија првпат по 2019 назадува во борбата со корупцијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/sdsm.jpg)
Резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година, велат од СДСМ.
„Оваа Влада ветуваше „беспоштедна борба против корупцијата“, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога. Додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а Косово дури петнаесет – Македонија под оваа Влада се движи наназад“, посочуваат од СДСМ.
Како што истакнуваат, СДСМ за време на своето владеење ја зацврсти позицијата на Македонија во борбата против корупцијата, овозможувајќи континуирано напредување на индексот од 2019 до 2023 година.
„За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата. СДСМ останува цврсто посветен на борбата против корупцијата и изградбата на институции кои ќе служат на граѓаните, а не на партиските интереси“, завршуваат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
СДСМ: Со замрзнувањето на маржите, Мицкоски ги призна нашите економски политики и мерки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kasa-market-2.jpg)
Откако осум месеци Мицкоски беше соучесник во општонардоната кражба на граѓаните од страна на трговците и не направи ништо за тоа, сега под притисок на јавноста донесе мерки кои како прв опозиционер жестоко ги критикуваше, реагира СДСМ.
„Со носење на мерки за замрзнување на маржите, Мицкоски конечно реши да ги признае сите економски политики и мерки на СДСМ за зауздување на цените.
За жал, се ова е многу доцна и милиони евра веќе се буквално украдени од граѓаните. таа кражба беше овозможена токму од Мицкоски и сега е доцна да ги признава сопствените порази.
„Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не даваат ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, пишуваше ВМРО-ДПМНЕ на 10.3.2022 година. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не е новина во политиката, тие се по тоа познати, но свесното осиромашување на граѓаните цели осум месеци е грев.
СДСМ со месеци апелираше и нудеше решенија. За жал и оваа мерка која Мицкоски ја ископира од СДСМ е парцијална и нема да даде целосно резултат. Ако се земе предвид дека платите не растат, дека цените веќе се дозволи да се качат превисоко ова нема да биде ниту благо санирање на огрмните штети по семејните буџети на македонските семејства“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/sudstvo-presuda-sud-.jpg)
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска реагираше во врска со извештајот на Transparency International за 2024 година, во кој Северна Македонија е рангирана 12 места пониско на Индексот за перцепција на корупцијата.
Коментирајќи го извештајот, Фетаи на неговиот профил на фејсбук напиша дека тој покажува дека владеењето на СДСМ и ДУИ било корумпирано и нетранспарентно.
Тој оценува дека лошата оценка во извештајот е резултат на судските скандали во последната година од претходната влада, споменувајќи ги скандалозните измени на Кривичниот законик, кои овозможија амнестија за над 200 кривични предмети.
Репутацијата на земјата во борбата против криминалот дополнително е нарушена и од скандалите во Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, избрани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, додава Фетаи.
Според него, новата влада правилно ги адресира своите стратешки приоритети, како што се реформите во правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата, чие спроведување ќе донесе конкретни резултати.
Во таа насока, тој го истакнува и иницирањето на разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелацијата за членовите на Судскиот совет.
Македонија
Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Javen-obvinitel-Ljupco-Kocevski.jpeg)
Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Образложи дека одлуката се должи на последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес и каде детално може да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.
Дополнително, како што беше посочено, последното именување за вршител на должност Шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство.