Македонија
Јаневска: Преку мобилна апликација родителите ќе имаат едноставен увид во образовниот напредок на децата на училиште
Мобилната апликација, што ја разви Министерството за образование и наука, им овозможува на родителите и старателите на учениците едноставен пристап до електронскиот дневник и со тоа лесно и на дневна основа да го следат образовниот напредок на децата.
За оваа новина денеска информира министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста на наставата – оправдани и неоправдани изостаноци, зададените домашни задачи, добиените оценки и издадените свидетелства.
„Апликацијата може да се симне на ednevnik.edu.mk или преку банер поставен на веб-страницата на Министерството и да се инсталира на кој било паметен уред, мобилен телефон или таблет, независно од типот на оперативниот систем. Едноставна е за користење и преку најава и автентикација со истото корисничко име и лозинка, кои во моментот ги користат за пристап до електронскиот дневник, над 200 илјади родители и старатели, колку што се регистрирани досега, во секое време може да имаат брз пристап до информации за образовниот процес на нивните деца“, рече Јаневска.
Министерката посочи дека сите податоци што се внесуваат во електронскиот дневник се архивираат и корисникот на апликацијата има увид во податоците од тековната, но и од која било учебна година.
„Веќе ја тестиравме и се уверивме во функционалноста на апликацијата. Сигурна сум дека ќе биде многу користена затоа што нема родител или старател што не е заинтересиран да го следи и да учествува во образованието на своето дете. Одговорноста за едукацијата на младите е заедничка и еднаква и на институциите, и на семејствата, и на учениците“, потенцира таа.
Јаневска рече и дека за каква било корисничка поддршка при најавување, заборавена лозинка или дополнителни појаснувања за примената на новата апликација стручен тим на Министерството за образование и наука е достапен во секое време на електронската адреса [email protected].
Со цел намалување на административната работа на наставниците, Јаневска информира дека податоците од електронскиот дневник ќе ги печатат само еднаш годишно, односно на крајот на учебната година наместо како досега на месечна основа.
Министерството за образование и наука работи на забрзана дигитализација на образовната сфера. Во оваа насока министерката посочи дека набргу почнува пилотирањето на новиот електронски систем за административна работа на училиштата и електронскиот дневник во повеќе училишта пред да бидат официјално применети.
„Подготвуваме неколку електронски регистри, кои ќе се користат за потребите на науката, за признавање странски високообразовни квалификации и за евидентирање стипендирани македонски студенти во странство и нивно поврзување со работодавци. Паралелно продолжуваме со обезбедување квалитетна ИТ-инфраструктурна мрежа во училиштата, нови дигитални алатки во наставата, а ќе продолжи и дигитализацијата на учебниците“, додаде Јаневска.
Изрази задоволство што некои од образовните услуги се целосно дигитализирани. Од оваа учебна, односно академска година, првпат целосно електронски се спроведуваат постапките за аплицирање и стекнување ученички и студентски стипендии, како и за сместување во ученички и студентски домови. Повеќе нема доставување хартиени документи ниту од страна на апликантите ниту хартиени решенија за прифаќање или одбивање од страна на Министерството, нагласи Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи
Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С., на работно место полицаец во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во СВР Скопје, во моментот на сторување на делото со наредба распореден во Одделението за управни работи Скопје, П.П., на работно место полицаец во Единицата за интервентна полиција во СВР Скопје, В.Р., вработена како наставник во средно училиште во Скопје и А.С., вработен како пожарникар во Град Скопје.
„Пријавените во период од февруари до април 2024 година, заеднички, по претходен договор воспоставиле шема, на начин што организирале и спроведувале постапки за издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), а со цел стекнување противправна имотна корист, така што трето и четврто пријавените наоѓале заинтересирани граѓани кои имале потреба од изготвување на лични документи, кои им ги доставувале нивните лични податоци во форма на фотографии на трето и четврто пријавените, а овие фотографиите ги испраќале на второпријавениот П.П.“, соопшти МВР.
Второпријавениот посредувал и интервенирал заинтересираните граѓани да ја започнат процедурата за издавање на лични документи, на начин што го поттикнувал првопријавениот М.С., кој како службено лице вршел дејствија на фотографирање и прием на барања, како негови редовни работни обврски.
„Наведените дејствија биле вршени врз претходен договор за одреден паричен надомест со точно утврдена цена, време и начин на извршување со јасно распределени улоги, создавајќи паралелен неформален начин на постапување со кој за паричен надомест овозможувале побрзо остварување на правото за јавна услуга, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, нарушувајќи го принципот на еднаков пристап на граѓаните до јавните услуги“, соопштиа МВР.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДСМ со двојни аршини – против возење без дозвола, а гласаа против „Безбеден град“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција изјави дека СДСМ и Венко Филипче применуваат двојни аршини во однос на прашањето за безбедноста во сообраќајот.
„Од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот ‘Безбеден град’“, рече Петрушевски.
Петрушевски потсети дека СДСМ и Филипче гласале против проектот „Безбеден град“ во Собранието, додавајќи дека координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој е поранешен министер за внатрешни работи, не направил ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.
Според него, во време на претходната власт не бил имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци. Додаде дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, туку решение за заштита на животите на граѓаните.
Македонија
Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија
Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија, информира СВР Охрид.
Во рамките на вежбовните активности, предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства.
Планираната обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија на подрачјето на Охрид и Струга, е во состав на вежбата „BEL-SOF Exercise 26” што ќе биде спроведена и на други подрачја во земјава.
„Апелираме до граѓаните на Охрид и Струга, да ги почитуваат насоките на полициските и армиските службеници кои, ќе се грижат за безбедноста на целокупното подрачје“, велат од СВР Охрид.
фото/Depositphotos

