Македонија
Без вода корисниците од ГТЦ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/Voda.jpg)
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( среда ) поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул. Филип Втори пред ГТЦ во населба Центар, во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ГТЦ. ( општина Центар )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Javen-obvinitel-Ljupco-Kocevski.jpeg)
Јавниот обвинител, Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, обвинителството го претвори во нивна испостава, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Како што рече, МВР и другите институции покренале десетици постапки, а реализацијата од Обвинителството е рамна на нула.
Според владејачката партија, Коцевски е послушник на СДСМ, а дека Обвинителството не е на нивото на задачата говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во обвинителството и судството.
„ЈО водено од Љупчо Коцевски се стави во целосна заштита на функционери на СДС и нивни блиски лица, кои со години ја крадеа државата. Дополнително Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство“, рече Петрушевски.
Владата на седница донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Македонија
Апасиев: Честито нови милиони евра, колеги патриоти, со здравје да си ги трошите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/apasiev.jpg)
ВМРО-ДПМНЕ не го изгласа Предлог-законот на Левица за намалување на патните трошоци на пратениците, напиша претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
„Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, додаде тој.
Македонија
Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot_12-2-2025_105431_www.facebook.com_.jpeg)
Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да ја анализира содржината.
„Интерпелациата, која е поднесена во Собранието, ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и сум во фаза на анализирање на причините и, генерално, на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе ѝ биде соопштен. Јавноста нема да остане без моето произнесување“, рече Дамова.
Во однос на очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да поднесат оставки доколку Собранието изгласа интерпелација, Дамева денес немаше конкретен одгвор.
„Оставката е личен чин и се поднесува само во случај ако постојат оправдани причини за тоа“, вели Дамева.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, официјално ги извести членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, дека е побарана интерпелација за нив. Петтемина за членови на Судскиот совет беа избрани во Собранието.