Спорт
(Видео) Арне Слот доби црвен за „пресилно ракување“

Спектакуларен крај, синоќа имаше последното градско дерби на кулниот англиски стадион „Гудисон парк“. Евертон со голот на капитенот Тарковски во 98.минута успеа да освои бод против лидерот Ливерпул.
Откако судијата Мајкл Оливер означи крај на натпреварот се случи инцидент меѓу Џонс и Дукуре.
Играчот на Евертон бодот го славеше пред трибината на која беа навивачите на Ливерпул што не му се допадна на Џонс. Соиграчите и редарите спречија инцидентот да прерасне во тепачка.
Оливер реагираше, им покажа црвени картони.
Тука не беше крајот на картонијадата по завршувањето на натпреварот. Црвен картон доби и Арне Слот.
Менаџерот на Ливерпул му пријде на судијата Мајкл Оливер, се ракуваше со него, а кога тој му ја пушти раката, судијата веднаш од задниот џеб го извади црвениот картон.
Англиските медиуми се шегуваат дека Слот употребил „пресилно ракување“ и поради тоа бил исклучен.
Сепак, поверојатно е дека се работи за тоа што Холанѓанецот му го кажал на судијата. Англичаните тврдат дека Слот му рекол на Оливер „дека е играч на натпреварот“ и дека наградата треба да оди кај него.
@tntsports The moment Arne Slot was shown a red card by Michael Oliver 👀🟥 #LFC #EFC #PremierLeague #Football
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн се вклучи во трката за потписот на Гитенс

Баерн Минхен влезе во трката за потписот на 20-годишниот Џејми Гитенс. Младиот англичанец извесен период се поврзува со трансфер во Челзи. Аглискиот клуб веќе се договори за седумгодишен договор со младиот англиски репрезентативец, кој постигна 12 гола и имаше пет асистенции во 49 натпревари минатата сезона.
Иако Челзи неодамна го потпиша Лиам Делап за 35 милиони евра, клубот е заинтересиран да ги зајакне и крилните позиции. Сепак, според „Кикер“, Баерн се подготвува да изврши сериозен напад, откако Флоријан Вирц се пресели во Ливерпул, а Нико Вилијамс е блиску до потпишување за Барселона.
Гитенс, кој веќе игра важна улога во тимот на Нико Ковач во Борусија Дортмунд, сега се смета за една од главните цели на Баерн. Германскиот клуб го цени Гитенс на 70 милиони евра, што ги комплицира плановите на Челзи, особено по допинг скандалот на Михаило Мудриќ.
Се шпекулира дека Гитенс сè уште е заинтересиран за трансфер во Челзи, но само под услов да клубот да ги плати бараните 70 милиони евра.
Спорт
Мари добива статуа на Вимблдон

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон.
Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот.
Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ.
Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз.
Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е статуата да биде поставена во 2027 година.
Тоа ќе биде на 150-годишнината од турнирот Вимблдон, кој се игра од 1877 година.
За потсетување бронзена статуа на Фред Пери беше поставена на Вимблдон во 1984 година, на 50-годишнината од неговата прва титула.
Спорт
Тотенхем ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Езе

Капитенот на Тотенхем, Сон, по 10 години ќе го напушти клубот. Опција за Кореецот е Саудиска Арабија и веројатно таму ќе ја продолжи кариерата. Тотенхем и новиот тренер Томас Франк ја означија замената за Сон.
Офанзивниот играч на Кристал Палас, Еберечи Езе (26), се споменува како клучно засилување, кое ќе ги накави високите амбиции на Тотенхем во новата сезона.
Англискиот репрезентативец е еден од најзаслужните за освојувањето на првиот трофеј во историјата на Палас, во финалето на ФА Купот го постигна единствениот гол за триумф против Манчестер сити.
Езе има откупна клаузула во износ од 68.000.000 фунти, но тоа очигледно не го загрижува раководството на Тотенхем, кое е подготвено да ги издвои споменатите пари и на тој начин да ја наполни касата на градскиот ривал. Палас пред пет години за Езе на КПР им плати нешто повеќе од 15.000.000 фунти.