Свет
Шефот на кинеската дипломатија: Мора да ја зајакнеме стратешката комуникација со Британците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/vang-ji.jpg)
Кина и Обединетото Кралство мора да ја зајакнат стратешката комуникација, да ја зајакнат меѓусебната доверба и да покажат одговорност како големи земји, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со британскиот премиер.
Ванг е во посета на Лондон на стратешки дијалог со британскиот министер за надворешни работи, при што двете страни се договорија да ги забрзаат подготовките за институционални дијалози за економија и трговија, здравство и индустриска соработка, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Јужна Кореја подготвена да обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/vojnik-severna-koreja.jpg)
Јужна Кореја е подготвена да обезбеди заштита и поддршка на севернокорејските војници заробени во Украина, доколку побараат да бидат прифатени во Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул, по медиумските извештаи дека севернокорејски војник заробен од украинските сили изразил намера да пребегне во таа земја.
„Севернокорејските војници се уставно признати како наши граѓани и почитувањето на нивната слободна волја во однос на репатријацијата е во согласност со меѓународното право и вообичаената практика“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува „Јонхап“.
Во соопштението се додава дека „затоа, Владата ќе ја обезбеди потребната заштита и поддршка во согласност со основниот принцип за прифаќање на сите поединци кои сакаат да дојдат во Јужна Кореја“.
Јужна Кореја ѝ го пренесе овој став на Украина и ќе продолжи да се ангажира во неопходните консултации со Киев, се наведува во соопштението.
Министерството исто така изјави дека поединците не треба да бидат принудени да се вратат на места каде што може да се соочат со прогон.
Претходно денеска беше објавено дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени во Украина изразил желба да замине во Јужна Кореја, пренесува Танјуг.
Свет
Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина за да учествуваат во војната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/677z381_makron-.jpg)
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека денеска ќе одржи нова средба со лидерите на неколку европски и неевропски земји.
„Целта е да разговараме со сите дваесет и седум (членки на ЕУ) до крајот на неделата“, изјави Макрон за француската телевизија RTL, откако во понеделникот во Париз собра десет лидери од клучните европски земји, Европската унија и НАТО.
Макрон рече дека Париз во моментов не се подготвува да испрати свои копнени трупи во Украина, но истакна дека Франција размислува да испрати воени експерти или ограничен контингент надвор од зоната на конфликтот, пренесува Танјуг.
„Денес Франција не се подготвува да испрати борбени копнени трупи на линијата на фронтот. Меѓу решенијата за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, можно е испраќање експерти, па дури и војници во ограничен број, надвор од која било зона на конфликт, да ги поддржат Украинците и да покажат солидарност“, рече Макрон.
Тој додаде дека Париз го поддржува повторното вооружување на Украина, што треба да стане дел од долгорочната безбедносна стратегија.
Францускиот лидер ја спомена и можноста да се одлучи во рамките на преговорите да се одлучи за спроведување на мировна операција под мандат на ОН, која би се одвивала по линијата на фронтот.
Европа
„Украина во НАТО би значела Трета светска војна“: остри зборови од министерот на Фицо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/ukraine-nato-flags-2_rdax_775x440s.jpg)
Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека „членството на Украина во НАТО би значело Трета светска војна“.
Тој директно го отфрли украинското членство во НАТО и рече дека се согласил на тоа за време на разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва.
„Ние како влада, ако имаме мнозинство во парламентот, ќе бидеме против членството на Украина во НАТО, бидејќи тоа би бил почеток на апсолутна, дестабилизирачка, а можеби дури и Трета светска војна“, нагласи тој.
Од друга страна, што се однесува до членството на Украина во ЕУ, тие го поддржуваат.
„Кога станува збор за членството на Украина во Европската унија, ние имаме сосема поинаква позиција, бидејќи целосно ја поддржуваме“, додаде тој.
Бланар истакна дека Словачка ќе ја продолжи соработката со Киев.
„Го чекаме четвртиот состанок на заедничките влади на Украина и Словачка, каде што работиме на конкретни проекти, бидејќи веруваме дека на Украина и е потребна хуманитарна помош“, рече министерот, наведувајќи ја особено соработката во енергетскиот сектор.
Бланар нагласи дека сметаат дека снабдувањето со оружје не помага за решавање на овој конфликт и оти тој треба да се реши дипломатски преку мировни преговори.
Словачкиот премиер Роберт Фицо привлече критики низ Европа и од својот народ по неговата ненадејна посета на Москва и разговорите лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година.
Роберт Фицо е само третиот лидер на ЕУ што го посети Путин во Москва откако рускиот лидер нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година.