Македонија
СДСМ: Мицкоски подлегна на заканите од трговците и повторно ги излажа граѓаните

„Одложувањето на примената на мерката за замрзнување на маржите го потврдува она што СДСМ со месеци го говори, Мицкоски ниту е лидер ниту има капацитет да се справува со економските предизивици. Откако цели осум месеци не донесе ниедна мерка за заштита на стандардот на граѓаните, кончено под силен притисок од јавноста се одважи да најави мерка која јапредлагаше СДСМ за замрзнување на маржите. Но уплашениот и уценет премиер, за само еден ден реши да ја одложи мерката откако му се заканија трговците. Мицкоски е политичка кукавица која нема храброст да спроведе ништо во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.
„Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води.
СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања или штета по компаниите Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот. Преговаравме, донесувавме одлуки кои беа издржани и фер за сите – и за граѓаните, и за работниците, и за компаниите.
За разлика од нас, Владата на ВМРО-ДПМНЕ осум месеци одбиваше да преземе било каква акција за контролирање на цените. Кога конечно се одлучи на замрзнување на маржите, тоа го направи без концепт без целосен пакет решенија како што нудиме ние и без јасен план како да се заштитат работниците.
Граѓаните веќе плаќаат цена за неспособноста на Мицкоски. Затоа им порачуваме да ги прифатат овие решенија како пакет мерки кои се во интерес на граѓаните и стопанството“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ.
Во денешното соопштение од партијата се наведува дека преку Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, со која раководела Лидија Димова, биле доделени 200 илјади евра на проект на професорот Љубомир Фрчкоски.
„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи“ се наведува.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Еразмус+ бил користен за „плаќање судии, професори и експерти блиски до власта“ и дека тоа е уште еден пример за, како што велат, злоупотреба на институциите за партиски интереси.
Македонија
Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал ниту еден проект за општина Чаир.
„Дваесет години Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него. Денес гледаме глума и празни зборови“, стои во соопштението.
Од ВЛЕН додаваат дека Османи не е кандидат за Чаир, туку за сопствена кариера и дека граѓаните на општината очекуваат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Во реакцијата се наведува и дека младите во ДУИ се приклучуваат кон ВЛЕН, каде, како што велат, гледаат визија и перспектива.
Македонија
Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, активни се два пожари – во ПП „Јасен“ на подрачјето на општина Македонски Брод и во атарот на селата Лојане и Табановце во општините Куманово и Липково. Под контрола е еден пожар на територија на општина Јегуновце, меѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орешје.
Во текот на изминатите часови изгаснати се 24 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои во Долнени, Тетово, Врапчиште, Гостивар, Куманово, Штип, Струга, Кичево, Крушево, Кисела Вода, Шуто Оризари, Илинден, Боговиње, Охрид, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Бутел и Карпош.