Македонија
(Видео) Шокантни се изјавите на Таравари за грбот и химната, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски преку министерот за здравство, Арбер Таравари, којшто повеќе наликува дека е министер без ресор, не’ информираше денес дека за неа поголем приоритет е решавањето на наводно отворените прашања за химната и грбот, а дури потоа фокусирање на проблемите како економијата, платите и здравството, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.
„Оваа шокантна изјава на министерот Таравари, кој се занимава со сè освен со здравството, за што е задолжен, потврдува дека Владата целосно се има откажано од она што навистина им е приоритет на граѓаните. Наместо решенија за реалните проблеми, Владата ќе го замајува народот со теми од минатото за да го одвлече вниманието од болната сегашност. А реалноста е дека за само осум месеци, Владата ја втурна државата во економска криза и сега ѝ требаат овие теми за да ја дефокусира јавноста“, рече Илиевски.
Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, изјави дека е подготвен не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

