Македонија
Николова: По бурните реакции на стручната јавност против концепцијата за гимназиско образование, бараме јавна расправа во Собранието
Предлог Концепција за гимназиско образование изработена од страна на Министерството за образование и наука и БРО, наиде на бурни реакции од стручната фела и јавноста воопшто. Сепак министерката Јаневска не отстапува од својата намера да ја брани, реагира Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.
Николова оценува дека покрај големиот број недоследнисти, во Концепцијата се предвидува и укинување на предметите логика, етика и педагогија, а наставните предмети филозофија и социлогија стануваат изборни предмети. Со тоа, како што вели, се укинува главната цел на образованието, а тоа е дека „Образованието треба да ги поттикне младите да мислат, да создаваат, да истражуваат – а не само да прифаќаат готови и наметнати идеи“
„Согласно член 129 од Деловникот за работа на Собранието на Република Северна Македонија, кој предвидува дека работните тела можат да организираат јавни расправи за прашања од нивна надлежност, ја повикуваме претседателката на Комисијата за образование и наука, како и пратениците, членови на оваа Комисија, да дадат поддршка во однос на нашето јавно барање за свикување јавна расправа по ова прашање.
Кога министерката Јаневска неразумно се однесува кон наставниците, професорите и стручната фела, кои регираа, ова е неопходно, а е со цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во процесот на донесување одлуки кои директно влијаат на иднината на нашите млади генерации.
Нашата визија е да се вклучат сите релевантни чинители во процесот на креирање на образовните политики, преку отворена и конструктивна дебата.
Колегите пратеници во изминатиот период ги видоа во јавноста сериозните реакции од стручната фела, наставниот кадар и пошироката јавност, кои ја сметаат Концепцијата за несоодветна и штетна за иднината на нашите ученици и образовниот систем во целина“.
Во јавноста, како што додава Николова, министерката Весна Јаневска постојано зборува за јавна дебата, а всушност станува збор за објава на концепцијата на веб страницата на БРО, каде има можност да се даде само писмена забелешка.
Според пратеничката на СДСМ, засега нема никаква конкретна насока за дискусија или прифаќање на мислењата од стручната фела, што е недозволиво и несериозно.
„На сила и без чувство за одговорност министерката влегува во јавен конфликт со професори, наставници, па дури и со факултети. Навистина срамно!
Затоа ги повикуваме пратениците членови на Комисијата за образование и наука да ја поддржат оваа наша јавно искажана иницијатива и во најкус можен рок да донесеме одлука за свикување на јавна расправа во Собранието, со цел да се слушнат мислењата на сите засегнати страни и да се донесе најдобрата одлука за иднината на гимназиското образование во нашата држава“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.
Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.
Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС, документи и докази ги рушат мигрантските лаги на СДС, Филипче е разоткриен
„Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност.
За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика.
Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија да стане паркинг на мигрантски кампови. Вистина е дека постоеја планови, постојат изјави и постоела волја кај СДС, Заев и Филипче да се вдомат мигранти.
Филипче и Заев биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.
Филипче растура пердуви со лажни теми и игра криенка по партиските штабови додека бега од новинари и новинарски прашања.
Додека Филипче бега, вистината ги стигна и излезе на виделина. Наместо спинови и паника СДС нека одговори колку мигранти беа спремни да примат во 2018 година?
Кој ги договараше камповите?
Зошто тогаш Филипче молчеше во знак на одобрение а денес глуми патриот и принципиелност?
Време е СДС и Филипче да се посветат на мигрантите од сопствените редови кои им бегаат во други партии и да си ја реформираат партијата. На Македонија и е потребна зрела и конструктивна опозиција“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.

