Македонија
Во една удрил гром, во друга нема клима, половина од државните станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати
Половина од 22-те државните мерни станици за квалитетот на воздухот не даваат целосни резултати во ек на најголемо загадување на воздухот. Пет мерни станици не ги мерат најштетните во овој период, ПМ 2,5-честичките, за кои лекарите велат дека може да навлезат најдлабоко во организмот, други пет не ги мерат малку покрупните ПМ 10-честички. И за едните и за другите секоја зима се алармира дека се меѓу најголемите загадувачи кај нас. Пет мерни станици не мерат јаглероден моноксид, три мерни станици не покажуваат вредности за азотен диоксид, во пет не се мери озон и три мерни станици не мерат сулфурен диоксид.
Последниот денешен пресек на мерните станици во 13 часот покажа дека нецелосни резултати даваат мерните станици Ректорат, Миладиновци, Ѓорче, Петров, Битола 1, Кичево, Лазарополе, Прилеп, Охрид, Струмица, Кочани, Куманово, Гевгелија и Берово.
Министерството за животна средина и просторно планирање, и покрај нецелосните податоци во мерните станици, вели дека државниот автоматски мониторинг-систем за квалитетот на амбиенталниот воздух, генерално, е во добра состојба, сите мерни станици се во функција, но со оглед на тоа што се во континуиран режим на работа, има одредени дефекти на инструментите.
„Во автоматската мониторинг-станица за квалитетот на амбиенталниот воздух Ректорат (Скопје) во моментот е во функција само мерниот инструмент за ПМ 10, а сите други (NO-NO2-NOx; CO; О3 и PM 2,5) се исклучени поради нивна заштита за да не дојде до прегревање на сите мерни инструменти поради тоа што во моментот нема функционален клима-уред во станицата“, велат од кабинетот на министерот за животна средина, Изет Меџити, од каде што истиот одговор го даваа на медиумите и минатата година на почетокот на грејната сезона.
Автоматските мерни инструменти за ПМ 10 од автоматските мониторинг-станици Прилеп, Берово и Кочани и ПМ 2,5-инструментите од автоматските мониторинг-станици Прилеп и Берово од Министерството велат дека во моментот се на сервис.
„Се врши нивна дијагностика, која со оглед на комплексноста на самите инструменти и на самите дефекти од мерните инструменти е процес што се извршува со внимание и со следење на параметрите од мерните инструменти, што одзема време, за потоа тие да се сервисираат со санација или замена на неопходен резервен дел од оние што се на располагање и за на крајот да се изврши нивна калибрација“, велат до Министерството за животна средина.

Меѓу низата мерни станици со нецелосни податоци е Битола 1, каде што мерниот инструмент за ПМ 10 се сервисира и во подготовка е неговата калибрација, а во Гевгелија не се мери сулфурен диоксид оти мерниот-инструмент е во дефект и се врши негова дијагностика.
Мерните инструменти во мобилната станица Ѓорче Петров, пак, настрадале од гром.
„Автоматските мерни инструменти за CO и O3 од станицата во Ѓорче Петров во моментот се во дефект, при што дијагностиката е во тек и постои најверојатен проблем со напојувањето од самите инструменти настанат од електричен удар и избивање на системот за преднапонска заштита“, објаснуваат од Министерството.
На списокот со расипани инструменти се и оние што мерат јаглероден моноксид во мерните станици Миладиновци и Струмица. За нив од Министерството велат дека не е направена дијагностика, а истовремено нема резервни делови.
Мерачот на јаглероден диоксид во мерната станица Кочани се расипал поради постојано рестартирање, а и за него нема резервни делови.
Во Охрид расипан е мерниот инструмент за озон. Од Министерството велат дека се расипал во гарантниот период, па доставувачот на опремата го презел.
Во Кичево не се мерат ПМ 2,5-честичките, инструментот се сервисира и се подготвува за калибрација, во тек е дијагностика и за инструментот за јаглероден моноксид во оваа мерна станица.
Расипани инструменти има и во мерната станица во Прилеп, каде што, како што велат од Министерството, во тек е дијагностика.
„Макфакс“ побара податоци и за тоа колку време се расипани мерните инструменти во секоја од мерните станици, но од Министерството не дадоа таков податок.
Не одговорија ниту кога очекуваат да бидат во целосна функција сите мерни инструменти во станиците, но нагласија дека имаат едно стручно лице од Министерството, кое врши редовно и вонредно одржување и сервисирање на мерните инструменти и на дополнителната опрема во автоматските мониторинг-станици.
„Треба да се забележи и дека автоматските мониторинг-станици се распределени во цела држава и при овие дефекти или дополнителни проблеми понекогаш е невозможно физички да се реагира во даден момент, па за поправката на дефектот или проблемот ќе биде потребно повеќе време“, велат од Министерството за животна средина.
Колку пари досега се потрошени за одржување на мерните станици од нивното поставување досега од Министерството најавија дека дополнително ќе известат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

