Црна хроника
Жена истепала продавачка во центарот на Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/policija-5.jpg)
Во СВР Скопје, М.С.(46) од Скопје пријавила дека на работното место во објект во трговски центар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Маж нападнат на кејот на Вардар – разбојници му впериле нож во грбот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/60403816_635761816848109_6886942899078955008_n-1.jpg)
Обвинителството отвори истрага против 26-годишник за разбојништво врз минувач на кејот на Вардар.
Во насилните дејствија учествувал уште еден разбојник, но во моментот се работи на негова идентификација.
Нападот, како што информираа од Обвинителството, се случил вчера во попладневните часови, кај поранешно „Дрво-Декор“, на кејот на реката Вардар.
Осомничените нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале.
За осомничениот се бара притвор. При предлагањето на најстрогата мерка за обезбедување обвинителот имаше предвид дека кривичното дело е извршено сред бел ден, во строгиот центар на градот, на локација со голема фреквенција на луѓе, па ценеше дека обезбедувањето на осомничениот е во функција и на заштита на граѓаните и нивното безбедно движење. Надлежните органи преземаат дејствија за откривање и на неговиот соизвршител.
Црна хроника
Тепачка меѓу две групи на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/parking.png)
Полицијата синоќа во 03.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, ги привеле К.Н.(24), С.Х.(21), Г.З.(27) и А.П.(19), сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 03.30 часот на паркинг простор пред угостителски објект, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со уште три лица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Кавадарчани истепале полицаец во кафеана, драмата продолжила и во болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/kavadarci-2.jpg)
Доцна синоќа околу 3 часот полицијата привела две лица од Кавадарци на возраст од 31 и 33 години, (Ј.Т. и К.М.), поради напад врз полициски службеник во кафеана во градот.
Двајцата биле задржани во полициска станица и известен бил јавен обвинител, информираат од МВР.
Сепак, драмата продолжила и по два часа, кога надлежните вршеле спровод во Општа болница Кавадарци на уапсениот Ј.Т.(31), за да му се изврши лекарски преглед. Тогаш се појавило ттрето лице З.П.(36) кое ги спречувало полициските службеници во вршењето на службените дејствија.
Според информацијата од МВР за случајот, и тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител. Ќе следат кривични пријави за тројцата кавадарчани, додаваат од полицијата.