Спорт
(Видео) Остапенко за 71 минута ја декласира Швјонтек во Доха

Елена Остапенко уште еднаш ја совлада Ига Швјонтек. Летонката во меѓусебните дуели води 5:0 против Шјонтек откако во полуфиналето победи убедливо со 6:3, 6:1.
Остапенко избори пласман во финалето на ВТА турнирот во Доха.
Летонката, 73. на ВТА листата, од стартот покажа во која насока ќе се движи мечот. Направи два брејка во првиот сет, три во вториот во кој Швјонтек, втора на ВТА листата, го искрши својот рекет.
Остапенко за трофејот ќе се бори против победничката од дуелот меѓу Екатерина Александрова и Аманда Анисимова.
POOKIE 😭😭 pic.twitter.com/BcyMUkUJOC
— Lisa 🧚🏻♀️ (@lisa_talking) February 14, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Јамал го продолжи договорот – „Бројот 10 и посебна благодарност до баба“

Каталонскиот клуб го продолжи договорот со тинејџерската фудбалска сензација до 2031 година – и одржа мала церемонија на стадионот за да го одбележи овој настан.
На церемонијата присуствуваше целото семејство на фудбалерот, вклучувајќи ја и неговата баба, која Ламин ја држеше за рака додека одеа кон салата за церемонија.
Јамал ќе добие и нов број на дресот – култната „десетка“ што ја носеа само неколкумина избрани во Барса.
Una foto para la historia 💙❤️ pic.twitter.com/ZMN3b5UFRF
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 16, 2025
Пред сите Меси, пред него Роналдињо, Ромарио и легендарниот Диего Марадона, чија фотографија од времето кога играше за Барса Ламин неодамна ја објави на својот Инстаграм, бидејќи очигледно се гледа себеси како достоен носител на иконскиот дрес.
„Десетката“ до неодамна ја носеше Ансу Фати, човек кој требаше да биде новата голема работа на Барса, но не ги оправда очекувањата, а неговото време во Барса дефинитивно заврши.
Фати оттогаш го напушти клубот.
Сите очи сега се насочени кон феноменалниот Јамал, кој ќе стане најплатен играч во тимот со потпишувањето на нов договор, пред Роберт Левандовски и Френки де Јонг.
🔥 De Rocafonda al mundo 🌍
𝗟𝗔𝗠𝗜𝗡𝗘 𝗬𝗔𝗠𝗔𝗟 𝟭𝟬 pic.twitter.com/POD9WhELH0— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 16, 2025
Јамал дебитираше за сениорскиот тим на Барса на само 15 години и 291 ден, во натпревар против Бетис во 2023 година.
Останатото, како што велат, е историја.
Јамал, меѓу другото, им кажа на новинарите колку многу му значеше што неговата баба беше со него денес на толку важен ден во неговиот живот и кариера.
„Овој настан беше одложен поради неа, бидејќи таа беше во Мароко, и без неа не мислам дека ќе можев да направам нешто толку посебно. И благодарам за сè што направи за мене, иако знам дека никогаш нема да можам доволно да ѝ се заблагодарам.“
De gala y con toda la familia en un día muy especial 👔 pic.twitter.com/WFED28VHeJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) July 16, 2025
Исто така, беше прашан за бројот десет што ќе го носи во иднина и дали е достоен за него.
„Се надевам. Марадона, Меси и Роналдињо се легенди на фудбалот и на овој клуб. Секое дете сонува да копира нешто од нив. Ќе се обидам да го продолжам нивното наследство. Меси имаше свој пат, јас го имам мојот. Сега тој број ми помина од Ансу. Ќе работам напорно, ќе дадам се од себе и ќе се обидам да ги направам среќни навивачите на Барселона.“
Спорт
Скандал во Црна Гора – клуб исклучен од Европа на 10 години поради наместени натпревари

Фудбалскиот клуб Арсенал од Тиват е суспендиран од Европа во период од 10 години.
Како што објавиja подгорички „Вијести“, клубот од Тиват ќе мора да плати казна од половина милион евра, додека фудбалерите и претставникот на клубот исто така беа казнети.
Како што беше објавено, фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добија доживотни забрани за работа во фудбалот, додека капитенот на тимот Ќетко Манојловиќ, како и Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ, ќе мора да поминат 10 години надвор од спортот.
Ова е целиот епилог од скандалот во квалификациите за Конференциската лига во кој Арсенал од Тиват играше со Алашкерт, пред две години во реваншот од квалификациите за Конференциската лига.
Арсенал загуби од Алашкерт како домаќин со 6:1 и тој натпревар беше под лупа на УЕФА, а полските медиуми пишуваа дека во текот на првото полувреме – иако резултатот беше 0:0 до 35-тата минута – обложувалниците примиле повеќе од 250.000 евра на играта „2+ гола“ во текот на првите 45 минути.
„Обложувалниците се обидоа да се заштитат од високи исплати во текот на последните 10 минути од првото полувреме, но некои не успеаја да го сторат тоа на време. Во тој момент, коефициентите кај некои обложувалници за играта во живо „2+ гола“ беа дури и до 30. И сето тоа продолжи во второто полувреме кога, според ТВП, започнаа сомнителни уплати за 5+ и 7+ гола, напиша тогаш полската ТВП“, пренесува Вијести.
Спорт
АБА со 18 клуба: Се приклучуваат Романци и Австријци – лигата се дели на две групи

Регионалната кошаркарска АБА лига ќе има 18 клуба почнувајќи од следната сезона, беше одлучено на Собранието одржано во среда.
На шампионатот ќе им се придружат романскиот Клуж и австриската Виена, како и Босна односно Илирија, кои обезбедија место во елитниот ранг преку АБА 2.
Иако имаше навестувања, Хапоел од Тел Авив нема да се приклучи на АБА лигата, што дефинитивно ја напуштаат Цибона и Морнар, како два најслаби тима од минатата сезона.
Следната голема промена е поделбата на АБА лигата во две групи, што ќе го намали бројот на натпревари што ќе ги играат тимовите од сезоната 2025/26.
Проширувањето за уште два тима би значело четири дополнителни натпревари, што би било особено проблематично за тимовите што играат во европските натпреварувања.
Затоа, пронајдено е решение што ќе го олесни распоредот. Двете групи ќе имаат по девет тима, а наскоро треба да се знае како ќе изгледаат.