Спорт
Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

Јаник Синер, светскиот број 1 е суспендиран на три месеци.
Како што пренесоа странските медиуми и потврдија од Светската антидопинг агенција (ВАДА), најдобриот тенисер на светот ја прифатил суспензијата.
„Ова е резултат на договорот што тој постигна договор со Светската антидопинг агенција за неговите два позитивни допинг тестови минатата година, а суспензијата трае од 9. февруари до 4. мај“, објави Би-Би-Си.
23-годишниот Италијанец, кој минатиот месец го освои Австралија опен, е суспендиран на три месеци.
Тој ќе има право да игра на следниот Грен слем турнир оваа година, Ролан Гарос, кој започнува на 19 мај.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јокиќ: Мекрејди влијаеше на мојот стил на игра

Никола Јокиќ ги сподели своите размислувања за кошарката, семејството и животните вредности во емисијата „Патот кон златото“ во продукција на Денвер Нагетс.
Патот на Јокиќ до врвот во НБА беше сè само не обичен. Тој беше избран како 41. пик на драфтот во 2014 година, а моментот кога беше прочитано неговото име остана запаметен по една необична сцена, преносот беше прекинат со реклама за американскиот ланец за брза храна „Тако Бел“.
„Мислам дека никогаш не сум јадел „Тако Бел“ само поради таа причина“, искрено призна Јокиќ.
Својата позиција на драфтот ја спореди со коњски трки, што е негова голема страст.
„Знаете, во коњските трки ги има сите овие бројки од 1 до 12. Има добри бројки, има и лоши бројки, но имам пријател кој ми рече дека не постои нешто како лош број, има само добар коњ и лош коњ. Значи, без оглед на околностите, добриот играч секогаш го наоѓа својот пат“.
Во текот на разговорот Јокиќ говореше за играчите кои влијаеле на неговиот стил на игра и развојот на кариерата.
„Кога растев, Реѓа Стојаковиќ и Владе Дивац беа во НБА лигата. Тука беа Меџик Џонсон, Мајкл Џордан, Шек и сите тие ликови. Беа Коби и Леброн…Но морам да кажам и Тим Данкан, Дирк Новицки, го сакам Трејси Мекгрејди, мислам дека беше исклучително талентиран кошаркар, единствен, никој не можеше да го чува. Никогаш не сум го спомнал, но ајде ќе кажам Трејси Мекгрејди“.
На прашањето каква порака би испратил на помладата верзија од себе, Јокиќ даде едноставен, но длабок одговор.
„Прави се. Прави се што не сакаш да правиш затоа што мислеше дека не е добро. Секогаш се каеш најмногу во животот поради работите што не си ги направил. Прави што било. Јади, пиј, оди некаде, прави нешто… Се’”.
Јокиќ истакна колку му значи семејството и колку ја почитува улогата на сопругата Наталија во воспитувањето на нивните деца.
„Навикнат сум на фактот дека 1+1 не се секогаш два. Да се има семејство е голема среќа, голема радост, многу убави спомени. Тоа е 24-часовна работа, особено за мајката. Можам да избегам и да играм на гости, но мајките практично имаат 24-часовна работа. Многу сум среќен и благодарен што ја имам Наталија, нејзината работа е најважна во светот”.
Тој особено инсистира неговите деца да учат српски.
„Постарото дете оди во училиште каде што е англискиот е главен јазик. Мојот внук и внука се од тука, нивната мајка е од Америка. И тие зборуваат англиски. Моето мислење е дека треба да ги научам децата да зборуваат српски. Тие треба да зборуваат српски. Мислам дека тоа е нешто што е многу важно“.
Спорт
20 селекции изборија место на Евробаскетот

Останува само уште едно коло од квалификациите за Европското првенство во кошарка. За жал 42. издание на Евробаскетот на ФИБА, кое ќе се одржи во четири држави ќе мине без Македонија.
Македонските репрезентативци, синоќа во Талин, загубија од естонија 84:65 со што остнаа без шанси за пласман на шампионатот.
Во пресрет на последната рунда за пласман на ЕП остнаа уште четири места.
Пласман на турнирот кој ќе се одржи од 27. август до 14. септември веќе обезбедија организаторите: Кипар (Лимасол), Финска (Тампере), Полска (Катовице) и Летонија (Рига).
Покрај веќе споменатите домаќини низ квалификациите пласман изборија: Србија, Литванија, Словенија, Израел, Турција, Италија, Шпанија, Белгија, Грција, Грузија, Естонија, Велика Британија, Чешка, Франција, Босна и Херцеговина и Португалија.
Исланд и Унгарија ќе се борат за пласман во Евробаскетот од групата Б, а во групата Д се очекува вистинска драма бидејќи за две места се борат Германија, Црна Гора, Шведска и Бугарија.
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27. март во Рига. Во истиот град ќе се одржи и финалето на Евробаскетот. Да потсетиме, актуелен европски првак е Шпанија, која пред три години во финалето ја совлада Франција.
Спорт
Консеисао пречкртал пет „неважни“ играчи и две големи ѕвезвди
На „Сан Сиро“ се најавуваат големи промени во летниот преоден рок. На сите им е јасно дека Милан нема добра сезона. Неочекувано испаднаа од Феенорд во ЛШ, а во исто време на клубот му „виси“пласманот во елитното натпреварување за наредната сезона, додека во Купот на Италија се уште е во трка за пехарот.
Серж Консеисао по елиминацијата од Лигата на шампионите сфати дека мора да го засили тимот во сите линии, а во моментов има пречкртано најмалку пет играчи, кои не сака да бидат во клубот од следната сезона.
Водечките италијански медиуми тврдат дека по завршувањето на сезоната клубот ќе го напуштат: Емерсон Ројал, Фикајо Томори, Самуел Чуквуезе, Рубен Лофтус-Чик и Лука Јовиќ.
Ова не е изненадување со оглед на тоа што гореспоменатите играчи ретко добиваат шанса кај Португалецот.
Она што особено ги загрижува навивачите е тоа што Консеисао е подготвен да размисли за продажба на Тео Ернандез и Рафаел Леао, најголемите ѕвезди на тимот.
Тео има договор до летото 2026 година и моментално нема најави дека клубот ќе му понуди нов договор, па во тој случај ќе биде продаден за да не влезе во последната година од договорот.
На продажба е и Рафаел Леао, но само во случај некој да понуди за него над 80 милиони евра.
Во моментов не се знае дали клубот ќе го купи Жоао Феликс, се споменува дека тој евентуално би можел да ја продолжи позајмицата до летото 2026 година, но доколку не ги оправда очекувањата до крајот на сезоната, Милан ќе го врати во Челзи.