Спорт
(Видео) Микел Мерино му ја донесе победата на Арсенал во Лестер

Арсенал победи во Лестер со 2:0 во Лестер, во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. По се уште некомлетното 25.коло, Арсенал со натпревар повеќе има четири поени помалку од лидерот на табелата Ливерпул.
На „Кинг Пауер“ во Лестер, Арсенал не блескаше, особено во првото полувреме, но сепак успеа да го побед Лестер, кој остана во опасната зона, на 18.место со само 17 бодови.
Разликата на теренот ја направија резервистите на Арсенал, особено Микел Мерино.
Шпанецот на теренот влезе во 69.минута, го постигна првиот гол во 81., а во 87.минута стави точка на натпреварот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Брилијантниот Митревски го одбрани Пелистер од Динамо Букурешт

ФОТО/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Еурофарм Пелистер во 12.коло ја забележа третата победа сезонава во Лигата на шампионите. Битолчани предводени од брилијантниот Никола Митревски, го победија Динамо Букурешт со 25:24 (12:13).
Пелистер, во пресрет на последните две кола, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата. Македонскиот првак има осум бода колку што по победата над Фуксе Берлин има и Висла Плоцк.
Поради лошата реализиција на седмерците (2/6), Пелистер стравуваше за победата до последните пет секунди. Победата на „зелените“ им аја овозможи најдобриот поединец на натпреварот, голманот Никола Митревски кој забележа 16 одбрани, вклучувајќи и клучната на пет секунди до крајот кога му фати „жива топка“ на Али Зејн.
Инаку, Пелистер подобро влезе во натпреварот, во 10.минута ја создаде најголемата предност (7:4). До крајот на полувремето Динамо трпеливо ја топеше разликата, а периодот во кој Пелистер не постигна гол од 25. до 30.минута, гостите го искористија да заминат на одмор со гол предност.
Шериодот на неефикасна игра Пелистер го префрли и во вториот дел, во првите осум минути Битолчани постигнаа само еден гол, па Динамо во 38.минута имаше предност од два гола.
Со серија од три гола Пелистер повторно го презеде водството и до крајот буквално се играше гол за гол. Пелистер не ги користеше шансите да си обезбеди мирен финиш, на крајот Митревски ја сочува победата, откако во последниот напад на Пелистер, на 20 секунди до крајот Хосни ја „продаде“ топката.
Најефикасни во редовите на Пелистер беа Тајник со шест, односно Кузмановски и Радовијевиќ со по пет гола.
Во претпоследното коло, на 27.февруари, Пелистер ќе му гостува на Фуксе во Берлин.
Спорт
(Видео) Дибала го елиминира Порто, Галатасарај испадна од АЗ

Рома го победи Порто (3:2) и се пласираше во осминафиналето на Лига Европа. Плејофот го минаа и АЗ Алкмар односно ФЦСБ.
Херој на Рома беше Дибала, кој погоди во 35. и 39. минута и со тоа направи пресврт, откако претходно Порто го отвори резултатот со голот на Саму во 27. минута.
Клучниот детал беше директниот црвен картон за Еустакио во 51. минута, а Рома ја искористи предноста од играч повеќе во 83. минута кога гол постигха Писили.
Порто успеа да постигне гол во шестата минута од судиското надополнување, поточно автогол на Ренш, но немаше време за нешто повеќе.
ФЦСБ и во вториот меч го победи ПАОК. На домашен терен романскиот тим победи (2:0), со што рутински ја зачува предноста од Солун, каде славеше со 2:1.
Стрелци беа Кисоти во 30, а Микулеску во 81 минута.
Галатасарај избегна пораз во Истанбул од АЗ Алкмар, но не и елиминација (2:2). Холандскиот тим победи со вкупни 6:3.
АЗ водеше со головите на Маикум во 42. и Касиус во 55. но домаќините изборија реми со оловите на Осимхен во 56. и Салај во 70. минута.
Спорт
Лехечка со луд пресврт го елиминира Алкараз во Доха

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4.
Третопласириот на АТП листата и прв носител на турнирот во Доха одлично го започна мечот и направи брејк во третиот гем од првиот сет.
Сепак, Алкараз не успеа да го задржи темпото што го наметна и потклекна во втората половина од првиот сет.
Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го одзеде сервисот на Шпанецот и поведе со 5:2 со серија од четири последователни гејма, пред рутински да го заврши сетот.
Во вториот сет се очекуваше реакцијата на Алкараз и тој го направи токму тоа.
Клучниот момент се случи во четвртиот гем, кога Шпанецот го направи единствениот брејк од сетот и без поголеми проблеми ја сочува предноста, со што го израмни резултатот и го одведе мечот во третиот, решавачки сет.
Алкарас изгледаше како да ја контролира ситуацијата кога поведе со 4:2 во сетот на одлука.
Сепак, Лехечка не се откажа. Чешкиот тенисер одигра поагресивно и комплетно го сврте мечот со серија од четири гема и обезбеди пласман во полуфиналето.
Лехечка за место во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Матео Беретини и Џек Дрејпер.
LEHECKA TAKES OUT ALCARAZ! 🤩
Jiri Lehecka defeats World No. 3 Carlos Alcaraz 6-3 3-6 6-4 to reach the semi-finals in Doha#QatarExxonMobilOpen pic.twitter.com/R1dvymf9Q0
— Tennis TV (@TennisTV) February 20, 2025