Спорт
(Видео) Белингем исклучен, Реал осови само бод против Осасуна
Реал Мадрид не успеа на „ЛЕ Садар“ да ја победи Осасуна во 24.коло во Примера. Натпреварот во Памплона заврши без победник 1:1 (0:1). Реал од 39 минута играше со фудбалер помалку, Џуд Белингем доби црвен каротн поради приговор.
Реал испушти два бода во борбата за шампионската титула, а по мечот на „Ел Садар“ повоторно ќе работата медиумите на „кралскиот клуб“.
Тимот на Карло Анчелоти добро го отвори натпреварот, Килијан Мбапе го совлада Ерера. За францускиот репрезентативец ова беше 11 гол на последните 10 натпревари.
Реал контролираше на теренот се до 39.минута. Долго Белнгем зборуваше во правец на дусијата Хосе Мунуера Монтеро, а овој му покажа црвен картон.
O árbitro simplesmente expulsou o Bellingham do NADA
QUE PORRA FOI ESSA,
— REAL MIL GRAU (@realmilgrauu) February 15, 2025
Конечниот резултат го постави Будимир од пенал, откако Камавинга направи прекршок врз него во 58.минута.
„Се случи „грабеж“ на Ел Садар, нема друго име за тоа. Реал Мадрид е сериозно оштетен од Мунуера Монтеро, кој донесе многу контроверзни одлуки. Имено, судијата, стар познаник на „белите“, не сакаше да досуди три чисти пенали во корист на Реал Мадрид и реши да го исфрли Белингам. Бесот беше толку голем што и Карло Анчелоти експлодира во една ситуација. Доби жолт картон поради честите приговори. Во еден момент му рече на судијата: „Тоа беше чист пенал“, но судијата одговори: „Проверуваа со ВАР и нема ништо сомнително“, пишува „Дифенса сентрал“, медиум задолжен да ги следи случувањата во Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos

