Спорт
(Видео) Тајлер Хиро е најдобар во брзо шутирање тројки

Кошаркарот на Мајами Хит, Тајлер Хиро е победник во натпреварот за шутирање три поени на Ол-стар натпреварот во Сан Франциско.
Хиро се мачеше да се пласира во финалето, каде беше подобар од Бади Хилд и Дариус Гарланд.
Демијан Лилард, двократен победник, целосно потфрли, не успеа да го помине ни првиот круг.
Хиро се пласираше во финалето со скромни 19 поени, но во лучните моменти успеа да погоди две зелени топки кои вредат три поени и триумфираше со конечни 24 поени.
„Имав среќа“, изјави Хиро по завршувањето на натпреварот.
Споменатиот Хилд се истакна во првата рунда со 31 поен, но во финалето застана на 23, па мораше да се задоволи со второто место.
Покрај овие двајца и Лилард, учествуваа и Џејлен Брунсон (Њујорк), Кејн Канингем (Детроит), Кем Џонсон (Бруклин) и Норман Пауел (ЛА Клиперс).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гираси го урна рекордот на Левендовски и Халанд

Серху Гираси постигна хет-трик во победата на Борусија над Барселона (3:1), но не успеа со „милионерите“ да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Пресуди првиот меч, кој Барселона го доби со 4:0.
Гираси, на „Вестфален“ урна неколку рекорди. Со трите гола дојде до бројката 13 сезонава во Лигата на шампионите. Сега тој е најдобриот стрелец на Борусија во една сезона во Лигата на шампионите, претходно тој рекорд го држеа Роберт Левандовски и Ерлинг Халанад (12 голови).
Репрезентативецот на Гвинеја, синоќа стана првиот африкански играч кој постигнал хет-трик против Барселона. Исто тој стана и играчот кој на Барселона и дал најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (5).
Гираси игра брилијантно оваа сезона, постигнува гол на секои 144 минути. Се шпекулира дека внимателно го следат Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал.
Гираси во досегашниот дел од сезоната на 40 натпревари има учинок од 28 гола и девет асистенции.
Според „Билд“, откупната клаузула во договорот на Гираси изнесува 70 милиони евра.
Спорт
Енрике: Се тресевме од страв, но заслуживме да бидеме во полуфиналето

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике признава дека неговите играчи имале среќа, но смета дека заслужиле да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето и покрај поразот од Астон Вила. Реваншот на „Вила Парк“ заврши со победа на англискиот тим од 3:2, првиот меч во Франција заврши 3:1 за ПСЖ.
Тренерот на „свеците“ по реваншот призна дека неговите избраници по раното водство од 2:0, лесно влегле во продолжението на натпреварот и преживеале вистинската драма.
„Бевме премногу самоуверени, направивме работи што не требаше да ги направиме. Во одреден момент се тресевме од страв и примивме два гола за три минути, но мислам дека заслуживме да се пласираме во полуфиналето“, изјави Луис Енрике на прес-конференција.
Пари Сен Жермен во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.
Спорт
Еден натпревар суспензија за Мбапе

Дисциплинската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз донесе одлука за казната за Килијан Мбапе, кој доби директен црвен картон за груб фаул на натпреварот против Алавес.
Се шпекулираше дека ќе биде суспендиран на најмалку два натпревари, а некои медиуми во Шпанија дури прогнозираа дека може да добие три или четири меча. Но… Мбапе ќе пропушти само еден натпревар.
Мбапе беше исклучен поради стартот врз Антонио Бланко. Според извештајот од натпреварот, употребил „прекумерна сила“.
Судијата во првиот момент му покажа жолт картон на Мбапе, но кога ја прегледа снимката, го исклучи.