Спорт
(Видео) Тотенхем втор пат сезонава го победи Манчестер јунајтед
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0.
Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал.
Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер лигата.
Со оваа победа избраниците Постекоглу ги прескокнаа „црвените ѓаволи“ на табелата, и сега се на 12. позиција, додека Јуанјтед се скандалозно лоши, во моментов се 15. во Премиер лигата.
Првиот и, како што се испостави, единствен гол во Лондон беше дело на Џејмс Медисон во 13. минута од натпреварот.
Ударот на Бергвал беше го одбрани Онана, но одлично позиционираниот англиски репрезентативец налета на топката и лесно го погоди небранетиот гол на гостите.
Во вториот дел, чудо е што немаше барем еден гол, бидејќи двете екипи имаа по четири удари кон голот.
Јунајтед беше конкретен преку Гарначо и Зикркзе, но повратникот на голот на Тотенхем, Викарио не дозволи да биде совладан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бруно: Можеби го најдовме делот што недостасуваше
Бруно Фернандеш и Жоао Невеш постигнаа по три гола во победата на Португалија над Ерменија (9:1), во последното коло од квалификациите за пласман на СП. Бруно Фернандеш не го криеше задоволството од пласманот на Мундијалот и уверливиот настап против Ерменија. , е задоволен по настапот на својот тим.
Бруно постигна хет-трик, беше играч на натпреварот, а по натпреварот новинарите го прашаа што се променило по поразот од Ирска.
Да потсетиме, три дена претходно, Ирците ја победија Португалија, во тој натпревар беше исклучен Кристијано Роналдо, без кого тимот изгледаше поразигран и побрз.
„Многу работи се променија од последниот пораз, можеби го најдовме делот што недостасуваше. Нашиот сон е да го освоиме Светското првенство“, рече Бруно.
Некои медиуми истакнуваат дека Бруно, во својата изјава, „меѓу редови“ кажал дека тимот изгледа подобро без Кристијано Роналдо, но тој ги негираше таквите ставови во вториот дел од изјавата.
„Би било одлично Кристијано Роналдо го крене пехарот наменет за победникот на Светското првенство. Тој го заслужува тоа и било добро да му помогнеме да го оствари сонот“, рече Бруно.
Спорт
(Видео) Падна најстариот рекорд во брзо лизагање
Третиот ден од првата етапа од Светскиот куп во брзо лизгање донесе соборување на најстариот рекорд, во трката на 500 метри за жени, кој беше на сила точно 12 години.
Холанѓанката Фемке Кок ја помина оваа патека за 36 секунди и 09 стотинки и беше 27 стотинки побрза од Ли Санг Ква од Јужна Кореја, која го постави рекордот во 2013 година, на истата патека, која се смета за најбрза во светот.
Кок започна солидно, но 10 стотинки побавно од претходниот рекорд во првите 100 метри, па практично леташе по мразот во остатокот од трката. Оставајќи ги сите сопернички зад себе за најмалку половина секунда.
Американската ветеранка Ерин Џексон, олимписка победничка во оваа дисциплина, го освои второто место, со резултат од 36,58, додека младата Корејанка Ли На Хјун (19) го освои третото место, речиси една секунда зад победничката, 37,03.
Спорт
Кејн: Овој состав е еден од најдобрите во англиската историја
Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека актуелниот состав е еден од најдобрите во историјата на „Гордиот Албион“ и дека ќе биде еден од фаворитите на Светското првенство следната година.
„Изградивме нешто и имавме одлична година со новиот тренер (Томас Тухел), а сега се радуваме на она ѓто не чека во 2026 година. Мислам дека ова е најдобриот тим што некогаш сме го имале. Кога ќе го погледнете почетниот состав и клупата, мислам дека ќе бидеме еден од фаворитите на Светското првенство. Мораме да го прифатиме тоа. Тоа се случува веќе неколку турнири и е составен дел од играта“, рече Кејн по натпреварот со Албанија за британскиот ИТВ.
Фудбалерите на Англија ја победија селекцијата на Албанија со 2:0 во Тирана, во последниот натпревар од осмото коло од квалификациите за Групата К за Светското првенство.
Англија ја заврши групната фаза со сите осум победи, со максимални 24 бода, со гол-разлика од 22:0.
Двата гола во победата над Албанија ги постигна 32-годишниот Кејн, кој сега има учинок од 78 гола за репрезентацијата на 112 одиграни натпревари.
Foto/ EPA

