Скопје
Изминатата седмица санкционирани 𝟣𝟧𝟢 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.02. до 16.02.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 150 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, известуваат од ПОЦ.
ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, додаваат од ПОЦ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-150 мм на улицата Христо Татарчев бр. 47, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и кулите – Расдник, oпштина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои сведочат за начинот на кој ги спроведувал овие незаконски постапки, институциите уште се мислат кога да ПОЧНАТ да постапуваат“, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Во меѓувреме Висар си брише имотни листови од Катастар, замислете овие луѓе кои до вчера имале имот, денес немаат, поради неговите фалсификати.
Фалсификатот го запишувал во Катастар на 20.03.2025 година сред денови на жалост за трагедијата во Кочани, користејќи период кога мислел дека нема никој да примети што прави.
1. Барање за упис во катастар
2. Решение за упис во катастар со фалсификат документи
3. Барање за бришење имотен лист од катастар
4. Решение за бришење да може да го уништи досието со фалсификатите
5. Катастар за 24 часа го брише досието со што директно овозможува да можат да се уништат докази за делото
Зошто само 2% доверба имаат граѓаните во правосудството? Во моментов во затвор лежат луѓе за влез во Собранието на 27 април и за 100 ќебапи. Таму се постапило веднаш! Во Чаир кај Висар Ганиу ќе влезат да обезбедат докази за некоја година, нека троши кеш и нека ужива до тогаш!“, додаде Арсовска.
Македонија
Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за управување со кризи.
„ЕВН дел по дел полека го враќаат протокот на струјата во нисконапонскиот дел во нормала. За краток период се очекува целосно нормализирање на состојбите“, соопшти ЦУК.