Свет
Ерусалим пост: Портпаролот на Хамас вели дека нападот на 7 октомври бил „историски успех“

Висок функционер на Хамас го нарече нападот на 7 октомври „историски успех“ на форумот организиран вчера од катарскиот медиум Ал Џезира, пишува „Ерусалим пост“.
„7-ми октомври е историски успех во кој стотици луѓе успеаја да ја уништат и расклопат дивизијата Газа на ИДФ“, рече Осама Хамдан, оградувајќи се од моменталната ситуација во Газа, пишува израелскиот медиум. „Победата на Хамас е можност бидејќи поразот на Израел е можен, но и предизвик – има ли подготвеност и сериозност за таква битка?“
Според „Ерусалим пост“, Хамдан на форумот исто така рекол дека Хамас не барал помош од Хезболах во војната, туку дека поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насралах, им понудил воена помош. Хамдан прикажа и фотографија од ситуација во која силите на ИДФ беа поразени од Хамас, тврдејќи дека тоа е доказ дека Израел може да биде нападнат кога и да посака Хамас.
На прашањето дали Хамас би се согласил да ја подели власта со која било друга терористичка група во Појасот Газа, Хамдан цврсто одговори – „Не“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Полицијата се’ уште трага по напаѓачите по пукањето во кафулето во Белград

Пет лица беа ранети во пукање во кафуле во белградската населба Вишњичка бања, а едно лице е во животна опасност. Напаѓачите, кои пристигнале со бело комбе, влегле во локалот и отвориле оган по гостите.
Повредените – две жени и три мажи – се пренесени во Ургентниот центар. Полицијата покрена акција и сè уште трага по сторителите, јавува „Н1“.
Очевидци раскажаа дека на автобуската станица во близина имало голем број деца кои се разбегале уплашени, а пристигнувањето на итната помош се чекало долго. Жителите потсетуваат дека веќе подолг период имаат проблеми со навивачки групи во оваа населба.
Свет
(Видео) Ураган ја потопи Ибица

Ураганот „Габриел“, кој со денови пустоши над Атлантикот, денеска ја погоди Ибица и Форментера, предизвикувајќи поплави и голема материјална штета.
Видео-снимки од социјалните мрежи покажуваат автомобили, мотори и контејнери како ги носи надојдената вода, а улиците се претворени во реки од кал и дожд.
Flooding due to heavy rain on the island of Ibiza, Spain 🇪🇸 (30.09.2025) pic.twitter.com/4gM7xFwDVW
— Disaster News (@Top_Disaster) September 30, 2025
Туристи биле принудени да се симнат од брод во вода до колена.
Jeeze! Passengers step off the sea ferry in Ibiza directly into floodwaters 😳
Bizarre!pic.twitter.com/eH7tE9TLnk
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Пожарникарите на Ибица интервенирале на повеќе од 20 повици само утринава. Затворени се неколку патишта, меѓу нив и пристапот до аеродромот. Во близина на аеродромот за неколку часа наврнале 74 милиметри дожд, а има и прекини во снабдувањето со струја.
👀 This is on the Spanish Island of Ibiza before the mobile phone warning was sent out. There is a RED warning in place = Danger to life.
📹 @BailoAndrespic.twitter.com/BdXDlvFZF0
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 30, 2025
Силното невреме предизвика проблеми и на Мајорка, каде што северниот дел на планинскиот венец Трамунтана бил најтешко погоден, како и во регионот Валенсија и Мурсија.
Свет
Првиот патнички воз без возач, пуштен во употреба во Европа

Чешка го лансираше првиот патнички воз без возач во Европа што сообраќа на отворена железничка пруга.
Автономниот воз се движи по рута од 24 километри (15 милји) на северот од земјата. За разлика од повеќето автономни возови, кои сообраќаат само во затворени системи како што се метро или аеродромски превоз, овој е дизајниран за железници во реални услови.
Возот без возач, развиен од чешката технолошка фирма AZD Praha, се вика „Едита“ и е опремен со камери, лидар, ласерски скенери, дигитално мапирање и вештачка интелигенција за контрола на влечење и сопирање и откривање на пречки.
За време на тестирањето, „Едита“ забавила поради зајак на пругата и застанала поради стадо овци, покажувајќи ја својата способност да се прилагоди на неочекувани ситуации.
Од почетокот на тест патувањето, тој превезе луѓе вкупно на околу 1.700 километри, пренесуваат медиумите во регионот.
Фото: принтскрин