Црна хроника
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР.
На 20.11.2024 во Гостивар, пријавениот не застанал на знак за запирање и со возило се обидел да удри полициски службеник, а откако бил запрен продолжил да се заканува на полицискиот службеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Радовиш за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот, во период од неколку месеци, од непознато лице набавил 80 пакувања марихуана со вкупна нето маса од околу 400 грама, која ја држел во гаража пред зградата во која живее. Од октомври 2024 до април 2025 година дрогата неовластено ја препродавал на наркозависници.
При извршениот претрес на 17 април во гаражата биле откриени 36 пакувања со вкупно 180 грама марихуана наменети за натамошна продажба.
Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, за осомничениот предложи да биде определена мерка притвор.
Црна хроника
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун

Во координирана акција помеѓу РЦ за ГР Југ – ОПКМСР, ПС за ГН Михајлово, ОВР Неготино – НК за КР, Оддел за криминалистичка полиција при БЈБ и СВР Скопје, вчера (27.04.) во Неготино беа откриени и запленети 283 килограми тутун, спакуван во пакувања од по 450 грами, и притоа приведени се три лица осомничени за кривично дело по член 278 – б „Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 279 – б „Избегнување на плаќање на Акциза“ согласно КЗ на РСМ.
Имено вчера околу 07,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Михајлово на Автопатот Градско-Неготино во близина на Црвени Брегови биле забележани две патнички моторни возила со скопски регистарски таблички, ,,Шкода Октавија“ и „Ауди А6“ кои што напоредно се движеле по патот. На знак „стоп“ возилото „Шкода октавија“ не запрело ја зголемило брзината и се упатило кон Неготино, но набргу од страна на полициски службеници било сопрено во градот. Од извршениот преглед на возилото управувано од лицето С.Ф. (30) од село Љуботен, скопско, било констатирано дека возилото е натоварено со 29 црни вреќи во кои имало жолти пакувања од 450 грама тутун (вкупно 283 килограм) без никаква документација за потеклото, со што е причинета материјана штета на буџетот во вреднос од 2.704.340,05 денари. По насоки на надлежен ЈО набргу се приведени и двете лица кои што биле во патничкото возило „Ауди А6“, Р.Ф. (37) од село Љуботен скопско и возачот на истото С.А.(41) од Скопје.
На лице место извршен е увид од страна на инспектори од ОПКМСР при РЦ за ГР Југ и НК за КР при ОВР Неготино. По целокупното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба

Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта.
Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот.
Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.