Македонија
Магла на повеќе патни правци, се препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50м. има во Маврово, во Крушево до 100м., на планинскиот премин Ѓавато до 50м. и од 60 – 80м. на планинскиот премин Стража.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Времето утрово ќе биде многу студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од недела следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.
Македонија
Без струја денеска дел од општина Сарај

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе остане дел од општината Сарај.
Во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од дел од село Сарај – пат за Лубин, кај Џамијата во општина Сарај ќе бидат без струја.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач ф 50 мм на улицата Радика број 1, без вода ќе останат корисниците од улицата Радика во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.