Спорт
Гвардиола ги коментира пцовките и црвениот картон на Белингем: Мојот англиски е добар
Непримерниот речники црвениот картон кој го доби Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид се уште се тема во фудбалскиот свет. Ова го коментираше и Пеп Гвардиола пред натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, Белингем беше исклучен во 39.минута против Осасуна откако му кажал на судијата Мунуера Монтеро „да се е.е“.
Резултатот беше гневот на Реал Мадрид кој инсистира дека не е фер третиран од судиите и навивачите на Реал кои со закани го преплавија инстаграм профилот на судијата.
Пред реваншот од плеј-офот од осминафиналето во Лигата на шампионите, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше замолен да ја коментира ситуацијата.
„Мојот англиски е добар, но не ја разбирам разликата помеѓу тие два пцости. Важна е намерата, а не навредата. Најдобро е да не го направиш тоа и да го оставиш судијата на мира. Отсекогаш имало лоши одлуки. Треба да го прашате Џуд што мисли. Тоа е она што е важно”, рече Гвардиола и додаде:
„Можеби можете навредите некого со широка насмевка на лицето. Тоа не би било толку лошо, нели? Прочитав дека е отворена истрага. Леле. Ве молам. Оставете го судијата на мира“.
Реал и Сити играат вечерва од 21 часот. Првиот натпревар одигран на „Етихад“ заврши со победа на Реал од 3:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Милосављев во Кјелце до 2030 година
Поранешниот голман на Вардар, европски првак со црвено-црните, Дејан Милосављев, од наредната сезона ќе брани во Полска. Репрезентативецот на Србија потпиша договор со Кјелце.
Популарниот Банда потпиша договор со екипата на Талант Дујшебаев до 2030 година, односно 3+1 години.
„Дејан Милосављев е еден од најдобрите голмани во Европа во последните години. Шест години беше член на Фуксе Берлин, со кого, меѓу другото, минатата сезона беше вицешампион на Лигата на шампионите, ја освои Лигата на Европа и Бундеслигата. Од 2014 година е постојан репрезентативец на Србија. Ќе настапи за својата земја за Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска во јануари. Минатата сезона беше втор според бројот на одбранети удари во Лигата на шампионите. Забележа 166 одбрани на 19 натпревари, што е процент на успешност од над 27%. Во тековната сезона во Бундеслигата, тој веќе имаше 120 одбрани во 15 натпревари“, презентираше полскиот вицешампион на Милосављев.
Дејан Милосављев е третото официјално засилување за Кјелце, за следната сезона, по десните бекови Лука Ловро Кларица од Загреб и Жулиен Бос од Нант.
Кјелце ќе биде петти клуб во кариерата на Милосављев по Југовиќ, Партизан, Вардар и Фуксе Берлин.
Спорт
Слот има добри вести: Собослaј е подготвен, се враќа Фримпонг
На прес конференцијата на Арне Слот пред гостувањето на Ливерпул кај Тотенхем имаше добри вести, но „Црвените“ одат во Лондон без седум играчи. Тотенхем и Ливерпул играат во 18:30 часот.
Иако имаше многу шпекулации, Арне Слот вели дека Доминик Собослај треба да биде подготвен за натпреварот во сабота. Добрата вест е дека повредата на Коди Гакпо не е толку сериозна како што првично се чинеше.
Конор Бредли, кој ја отслужи суспензијата против Брајтон, исто така ќе се врати во тимот, а ќе се врати и Џереми Фримпонг, кој отсуствуваше поради повреда од 22 октомври.
Заедно со добрите вести, има и некои не толку пријатни. Арне Слот не може да смета на Џо Гомез, Мохамед Салах не е тука, исто така и Ватару Ендо, Џовани Леони, Стефан Бајчетиќ, Џејден Фанс и Кајде Гордон.
Слот објасни дека ќе знае дали Собослај може да биде на теренот од самиот почеток, по денешниот тренинг, односно кога ќе разговара со медицинскиот персонал после тоа.
„Ако се чувствува добро, ако сè оди како што треба, тогаш ќе биде стартер“, рече Слот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Барселона сепак ќе го откупи договорот на Рашфорд
Макрус Рашфорд (28) ја оправдува довербата што клубот му ја покажа кога го донесе на позајмица минатото лето со неговите настапи во дресот на Барселона. Англискиот напаѓач досега постигна седум гола и девет асистенции во 23 официјални натпревари. Затоа, во спортскиот сектор, Барселона сè повеќе размислува за активирање на откупната клаузула, пишува „Мундо Депортиво“.
Рашфорд се покажа како исклучително важно решение за тренерот Ханси Флик, особено во периодот кога тимот беше без повредениот Рафиња речиси два месеци. Напаѓачот, на позајмица од Манчестер Јунајтед до 30 јуни следната година, ја искористи својата можност и играше на многу високо ниво.
Затоа, раководството на клубот во овој момент ја разгледува опцијата да ја активира откупната клаузула вредна 30 милиони евра и да го задржи Англичанецот во своите редови.
Она што особено се цени кај англискиот репрезентативец е неговата разноврсност. Рашфорд може да игра на лево и десно, но и како централен напаѓач, што му дава на Флик многу тактички опции, особено во случај на повреди на други играчи.
Неговиот придонес е видлив не само преку головите, туку и преку деветте асистенции кои сведочат за прецизноста на неговите додавања и центрирања, без разлика дали од игра, корнери или слободни удари.
Foto/ depositphotos

