Свет
Џеј ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека таквите изјави може сериозно да ги нарушат односите меѓу Киев и Вашингтон и да предизвикаат контраефект на Зеленски, пренесува Анадолија.
„Идејата дека Зеленски ќе го промени мислењето на претседателот со тоа што ќе го оцрни во јавните медиуми – секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е ужасен начин да се работи со оваа администрација“, изјави Венс за Дејли Меил, неколку часа откако Зеленски го обвини Трамп дека живее во „простор за дезинформации“ создаден од Русија.
Трамп не му остана, нарекувајќи го Зеленски „диктатор без избори“ и му порача „подобро да се движи брзо или нема да му остане земја“.
„Се восхитуваме на храброста на украинските војници, но јасно мислиме дека војната треба брзо да заврши“, додаде Венс.
„Тоа е политиката на претседателот на САД. Не се заснова на руски дезинформации. Тоа се заснова на фактот дека Доналд Трамп, мислам, знае многу за геополитиката, има многу силни мислења и ги има тие мислења многу долго време“.
Венс додаде дека верува оти Зеленски добива многу лош совет за тоа како да се справи со администрацијата на Трамп.
Острата размена на зборови меѓу Зеленски и Трамп доаѓа додека американските и руските претставници преговараа во Ријад за можен крај на војната во Украина, што предизвика загриженост во Киев и меѓу европските лидери за можното исклучување на Украина од преговарачкиот процес.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во исто време во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека Украина мора да биде вклучена во какви било разговори за завршување на војната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала кон Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 85 беспилотни летала и една балистичка ракета кон територијата на Украина, објавија утринава украинските воздухопловни сили.
Нападите во текот на ноќта беа насочени кон области на линијата на фронтот во регионите Суми, Доњецк, Чернигов и Дњепропетровск, објавија воздухопловните сили на каналот Телеграм.
Оттаму, исто така, наведуваат дека нивните единици за противвоздушна одбрана уништиле 61 беспилотно летало.
Главниот штаб на украинските вооружени сили објави во својот дневен утрински извештај дека во текот на изминатите 24 часа на линијата на фронтот имало 139 судири со непријателот.
Од друга страна, руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 29 украински дронови над различни руски региони, вклучувајќи 10 беспилотни летала над Ростовскиот регион, објавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин, по нивната вчерашна средба во Алјаска, не споменаа ништо за потенцијален прекин на огнот во војната во Украина.
Свет
Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.
Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.
„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.