Македонија
СДСМ: Не работи единствениот ПЕТ-скенер за онколошките пациенти, бараме одговорност од директорката Маневска и од Таравари
„Со месеци сведочиме на невиден хаос во македонското јавно здравство, предизвикан од неспособноста на Арбен Таравари и Владата на ДПМНЕ. Меѓу најпогодените од овој катастрофален менаџмент се онколошките пациенти, чии животи се директно загрозени“, велат од СДСМ.
„Неодостаток на лекови, катастрофалните услови, долгите чекања, недостатокот на медицински кадар – голготата на онколошките пациенти не запира!
Немаше лекови за биолошка терапија на Клиниката за онкологија, а сега цели еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер.
Пациенти од целата земја, чие лекување зависи од оваа дијагностичка процедура, власта ги остави без неопходната медицинска услуга.
Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност да управуваат со здравствениот систем, но цената за нивната неспособност ја плаќаат граѓаните и пациентите.
Ова мора да запре! СДСМ бара одговорност од директорката, Невена Маневска, и од министерот за здравство, Арбен Таравари.
Министерството за здравство мора веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура. Граѓаните не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

