Свет
Трамп: Америка потрошила милиони за промена на власта, трагите водат и до Западен Балкан

САД потрошиле милиони долари мешајќи се во изборите во целиот свет, а Русија само 2 во нашата земја, саркастично изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
„21 милион долари за гласачите во Индија. Зошто ни беше потребно да потрошиме 21 милион долари за тоа? Па тие веројатно се обидоа да изберат некој друг. Ова треба да ѝ го соопштиме на индиската влада бидејќи кога ќе слушнеме дека Русија потрошила речиси 2 милиона во нашата земја, тоа е голема работа, нели? Москва објави реклама на интернет за две илјади долари и тоа е огромно достигнување. А ние 21 милион долари во Индија“, им откри Трамп на новинарите од Белата куќа.
Покрај тоа, американскиот лидер рече дека Вашингтон потрошил милиони долари на разни иницијативи во Камбоџа, Србија, Молдавија, Либерија, Бангладеш и во Непал.
Трамп претходно потврди дека ќе ја укине американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Тој рече дека УСАИД е управуван од куп радикални лудаци и е погрешно управуван.
Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, изјави дека милијарди долари се даваат на левичарските невладини организации за спроведување радикални политики во други земји и го наведе примерот во Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.